Филипче: Капацитетот на производство на Институтот Торлак е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во рамки на денешната посета Белград имаше предвидено и посета на самиот Институт Торлак а заедно со српскиот Државен секретар за здравство Мирсад Черлек имаше можност да дискутира во однос на капацитетите. 

Веќе се припрема производството на вакцината Спутник В, а капацитетот на производство е 1 милион дози на месечно ниво. Овие дози на вакцини ќе бидат на располагање на сите околни земји.

Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини Торлак каде ќе се произведуваат не само вакцините кои се досега во календарот произведени туку и веќе се припрема производство на вакцината Спутник В. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме една солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот Торлак нема да биде само за потребите на Република Србија туку и за потребите на целиот регион, а посебно нашите братски и комшиски држави како што е Македонија. - кажа Државниот секретар за здравство на Србија Мирсад Черлек во изјавата за медиуми пред Институтот Торлак.

Министерот за здравство Венко Филипче се осврна на заклучоците кои произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија Лончар, во кои скоро сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктутата и препораките во третман на пациентите.

После успешниот состанок со министерот Лончар на којшто разговаравме за навистина важни теми во дел на менаџментот на целокупната криза со Ковид 19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки и во делот на третманот на пациенти, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите клиничката слика, овој бран споредено со оној бран минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични односно исти и дека дефинитивно во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата. -кажа министерот Филипче.

За Институтот Торлак министерот Филипче изјави дека е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во сиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментов функционира со надградени капацитети.

Овој Институт во којшто сега се наоѓаме на посета е познат по својата експертиза и искуство, приближно 100 години постоење, афилиран е со Фармацевтскиот факултет тука во Белград, Агенцијата за лекови исто така се наоѓа тука, пред неколку години незнаејќи дека доаѓа ваква криза значајно се надградени капацитетите за производство и целокупната машинерија е целосно обновена што сега довело до тоа да бидат спремни за последната фаза од производство на вакцината Спутник В, може да се одвива и тука и сметам дека направивме одличен разговор и договоривме дека можеме да сметаме на тоа да токму оваа вакцина којашто ќе биде произведена овде во Институтот Торлак биде местото од коешто ние за секоја понатамошна нарачка може да се обратиме и согласно капацитетот може да сметаме дека ќе има доволна количина и за нашите граѓани, милион вкупно на месец, вкупно од двете компоненти на вакцината на Спутник се планирани, ова е производство коешто се надополнува на веќе постојното производство на други вакцини коишто Институтот Торлак со години наназад ги снабдуваше сите земји на бивша Југославија. Сакам да се заблагодарам на домаќините за одличниот прием, мислам дека нашата соработка како и што сега се одвива во делот на менаџирањето на ковид кризата исто така како што претходно се одвиваше во делот на соработката во многу други струки на здравството и медицината ќе продолжи и понатаму. - изјави министерот Филипче.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер