Филипче:Измените на ЗЗО ќе овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија

Измените на ЗЗО ќе овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија во секое време, а државата да заштеди пари, вели Филипче.

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО) освен што ќе се воспостави систем на дупла контрола на издадени лекови, исто ќе има и онлајн комуникација меѓу оној што ги издава лековите и оној што ги плаќа, ова го образложи министерот за здравство д-р Венко Филипче, на собраниската комисија за здравство каде на дневен ред беа измани на законот. Процесот се одвиваше во повеќе фази, а започна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостатокот на лекови, за пациентите,кажа министерот, пред пратениците во Комисијата. Оваа Влада со воведување на електронскиот рецепт, овозможи брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време, објасни Филипче.

-Електронскиот рецепт се воведe сега за време на кризата кога практично се олесни патот на пациентите да стигнат до посакуваниот лек и сето тоа како надополнување на еден процес којшто започна претходно во смисла на олеснет пристап до лекови,а тоа беше укинување на квотите во аптеките. Знаете дека имаше ограничување на бројот на лекови кои на пацинетите им беа достапни, а беа на терет на Фондот, оваа Влада го смени тоа и сега без никакви ограничувања сите пациенти во било кој дел од денот имаат пристап до лекови во аптеките. Нема гужви, нема турканици, нема чекање во првите неколку денови го нема тој страв и паника кај пацинетите посебно оние заболени од хронични болести во текот на месецот дека лекот којшто им треба ќе го нема, како што тоа беше порано - рече Филипче.

Со следниот чекор, односно со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиниот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек.

-Она што сега се предлага е вистински финансиски документ кој е потребен на Фондот од страна на аптеките за да стигне во форма на фактура и практично да имаат финансиски документ директно од тие коишто ги издаваат лековите, затоа што треба да го платат трошокот на ФЗО РСМ за лекови кој во текот на годината изнесува близу 50 милиони евра и е еден сериозне торшок. Фондот после детални дискусии и анализи на ситемот, после повеќе состаноци на тамошниот Управен одбор, анализи како системот на контрола на лекови треба да се унапреди, за што веќе беше и развиен софтвер којшто е во функција, сега ќе се воспостави директна комуникација, која ќе се одвива помеѓу системот Мој Термин, помеѓу тие кои што ќе ги издаваат лековите и оние кои што треба да ги платат лековите - објасни Филипче.

Оваа директна релација освен во делот на финансиското работење, ќе биде и уште еден механизма за дупла контрола на издадените лекови.

-Овој процес што го започнавме се одвива во континуитет. Со ревидирање на позитивната листа, која не е ревидирана повеќе од 10 години, планираме унапредување и модернизирање на истата. Има многу нови лекови достапни на пазарот и сето тоа бара една детална анализа, врз основа на достапност на лековите, врз основа на препораките на стручните здруженија за тоа каква терапија се користи за одредени ситуации. Тоа е еден сериозен систем во однос на зајакнување во еден дел од работата на Фондот - истакна министерот.

Министерство за здравство

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

притисни ентер