Филипче: ГОБ „8 Септември" за една недела ќе ги отвори амбулантите и ќе функционира нормално

За една недела Градската општа биолница „8 Септември" ќе ги отвори амбулантите, ќе започне да функционира нормално и ќе биде во служба на сите пациенти, не само на оние со КОВИД-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Болницата која најголем дел од капацитетите ги стави на располагање за КОВИД-19, со тоа повторно ќе биде ставена во функција за сите граѓани./МИА

Ријана е најбогатата музичарка на светот и „тежи“ 1,7 милијарди долари

Имотот на Ријана во моментов се проценуваат на 1,7 милијарди долари, пишува Форбс, што ја прави најбогата музичарка во светот, а меѓу жените кои имаат кариера во забавната индустрија, само Опра Винфри е побогата од неа.

Но, не е нејзината музика што ја довела меѓу милијардерите. Нејзиното богатство во голема мера доаѓа од козметичката линија Fenty Beauty што ја основала во 2017 година, а која моментално е во 50 проценти сопственост. Тука е и линијата за долна облека Savage x Fenty, проценета на 270 милиони долари. Само после тоа доаѓа заработката од нејзината музичка и актерска кариера.

Ријана заработува и од социјалните медиуми. Има 101 милиони следбеници на Инстаграм и 102,5 милиони на Твитер.

Кога го лансирала својот бренд Fenty Beauty во 2017 година, таа сакала да основа козметичка компанија која ќе ги натера жените ширум светот да се чувствуваат вклучени. Линијата (чија друга половина е во сопственост на францускиот конгломерат LVMH на чело со Бернар Арно, најбогатиот човек на светот) речиси веднаш постигна голем успех. По само една година, заработувала 550 милиони долари годишно, што, според LVMH, ја надминало заработката на другите славни брендови, вклучувајќи ја и Кајли

Козметика (сопственост на Кајли Џенер), KKW Beauty (Ким Кардашијан) и Honest Company (Џесика Алба).

Активни два пожари во Прилеп, општинскиот кризен штаб на вонреден состанок

На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја  зафатија околината на Прилеп.

-Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, додека пожарот кој почна на 2 август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен. Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување, посочи градоначалникот Јованоски.

Тој потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.

Ким Џонг – ун бил на состанок со фластер на главата, се зборува за неговото здравје (ВИДЕО)

Ким Џонг-ун се појавил во јули на состанокот со воените и полициските лидери со фластер на задниот дел од главата, што предизвика нови гласини за неговата здравствена состојба.

Видеото што се појави во медиумите на 30 јули, но кое се уште не е официјално потврдено, го покажува Ким Џонг-ун на состаноците одржани во Пјонгчанг од 24 до 27 јули, пишува Ен-Би-Си уз.

Тој немал веќе фластер последниот ден, но темна точка била видлива на неговата глава во тој дел.

притисни ентер