Филипче: Ги укинавме квотите за лекови, го унапредуваме здравствениот систем, на прав пат сме

Како одговорна политичка партија докажавме дека грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет, водејќи вистински политики во интерес на сите граѓани. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Претседателката на Боливија е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Привремената претседателка на Боливија, Џанин Анез, вчера објави дека тестирањето покажало дека е позитивна на коронавирус, но се чувствува добро.

„Позитивна сум на ковид-19, се чувствувам добро и работам во изолација. Заедно продолжуваме“, напиша Анез на Твитер.

„Ќе бидам во карантин четиринаесет дена и ќе бидам тестирана уште еднаш. Се чувствувам добро“, додаде 53-годишниот лидер на десницата, во видео-пораката објавена на истата социјална мрежа.

Ова е втор лидер на јужноамериканска земја позитивен ма коронавирус, по бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој објави во вторникот дека е позитивен. Во Венецуела е заразен претседателот на Националното конститутивно собрание и лидерот на Социјалистичката партија, Диосдадо Кабело.

Џанин Анез го замени левичарскиот претседател Ево Моралес, кој се повлече во ноември 2019 година.

Боливија, земја со 11 милиони луѓе, има вкупно 42.984 заразени и 1.577 жртви.

Француски педофил ќе биде стрелан во Индонезија (ВИДЕО)

Французин најверојатно ќе се соочи со смртна казна со стрелање во Индонезија, откако е обвинет за злоупотреба на повеќе од 300 деца и тепање на оние што не сакале да имаат секс со него.

Полицијата соопшти дека го уапсила пензионерот Франсоа Абело Камил (65) во хотел во Џакарта минатиот месец, каде што две малолетни девојчиња биле во собата со него.

Доколку биде осуден, тој се соочува со смрт со стрелање или доживотен затвор, пишува Дејли Меил.

Инспекторите рекоа дека пронашле видеа на лаптопот на Камил на кои извршувал нелегални сексуални активности врз стотици деца на возраст од 10 до 17 години.

Пензионерот влегол неколку пати во Индонезија во последните пет години со туристичка виза, се вели од полицијата.

„Тој ќе им пристапеше на децата и ќе ги примамеше, нудејќи им работа како манекени“, им рече на новинарите началникот на полицијата во Џакарта, Нана Суџана.

„Тој би им платил на оние што се согласиле да имаат секс со него меѓу 17 и 70 долари. Ако одбијат, тогаш ги претепувал“, додаде полицаецот.

Полицијата верува дека Камил со години ги злоупотребувал индонезиските деца и дека може да има повеќе жртви.

САД бележат рекорден број новозаболени од коронавирусот

Соединетите држави поставија нов рекорд во дневниот број на коронавирусни инфекции, со повеќе од 65.500 нови случаи во изминатите 24 часа, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата сега е повеќе од 3,11 милиони. Претходниот рекорд беше урнат во вторникот, со повеќе од 60.200 нови случаи за еден ден.

Покрај скоро 10,000 нови случаи во Флорида, Калифорнија и Тексас, има пријавено над 7.000 нови случаи.

Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа анализата на Ројтерс за случаите во последните две недели во споредба со двете недели претходно.

притисни ентер