Филипче-Едштадлер: Взаемно признавање на сертификатот за вакцинација без ограничување

Министерот за здравство д- р Венко Филипче денеска се сретна со Н.Е. Каролине Едштадлер, Сојузна Министерка за ЕУ и Устав на Австрија, соопшти Министерството за здравство. 

На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста на процесот на имунизација и заклучија дека недостатокот на вакцини е проблем со кој се соочуваат сите земји во светот. Сојузна Министерка за ЕУ и Устав на Австрија истакна дека и Австрија го има истиот тој проблем, потенцирајќи дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни". На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.

Денеска од Австрија ја добивме првата количина на вакцини од Фајзер, вкупно 4860 а до крајот на месецот ќе пристигне и вкупната количина од 19.890 дози. Оваа поддршка во тек на актуелната пандемија значи многу за взаемната продуктивност при процесот на вакцинација. Тим Европа на ЕУ се роди во ковид 19 кризата како начин на колективна поддршка и солидарност на ЕУ кон државите партнери во битката со пандемијата. Покрај набавката на вакцините на состанокот се разговараше и како да се влијае врз подигање на свеста на граѓаните за важноста од вакцинација.

-Интензивната соработка на нашата и австриската влада започна многу порано пред почетокот на ковид пандемијата. Владата на канцеларот Курц во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава помогна во изработка на физибилити студија за изградба на новиот Клинички центар - истакна на средбата министерот Филипче.

Џеј Ло во секси поза, чија е раката на нејзиниот задник? (ФОТО)

Додека има гласини за наводно помирување на поранешната двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек, Лопез реши да ги игнорира сите гласини и да се посвети на работата.

Таа снима во Мајами, а нејзиниот стилист Роб Зангарди објави фотографии од Џеј Ло во предизвикувачка модна комбинација. Носи црвен фустан со длабок шлиц и наметка.

Модната комбинација ја надополнила со големи обетки и неутрална шминка.

„Тој сјај на Џеј Ло“, напишал стилистот покрај фотографијата.

Освен што нејзините обожаватели делат комплименти, тие забележале и нечија рака на нејзиниот задник.

„Ова е најсексипилното нешто што некогаш сум го видела“, „Каде можам да се пријавам за да работам со тебе?“, „Кој е среќникот што ти го држи задникот?“, „Кралица“, се само некои од коментарите.

Имено, човекот на фотографијата е шминкерот Скот Барнс.

Ги имитира топлес позите на Ирина Шајк, па доби повеќе лајкови (ВИДЕО)

Снимката со Ирина Шајк, во кое ги покрива градите со раце, на Инстаграм ја погледнале 1,5 милиони луѓе, но пародијата на австралиската комичарка собрала дури 800 000 прегледи, и тоа за три дена помалку.

Селест Барбер се прославила со ироничните и смешни имитации на совршени, често нереални фотографии од познати личности, а последна на удар беше 35-годишна руска манекенка.

„Буахахааха“, „Ме убиваш секој пат“, „Умирам од смеа“, се само некои од реакциите, кои се прилично чести кога станува збор за нејзините имитации, на кои таа ја изгради својата слава на Инстаграм.

Имено, 7,9 милиони луѓе ја следат на таа социјална мрежа.

Кинески ровер ноќеска ќе се обиде да слета на Марс

Кина треба да се обиде да го спушти својот прв ровер на Марс вечерва околу 1 часот по полноќ. Станува збор за многу ризичен потфат што успешно го постигнале само половина од леталата што стигнале до Црвената планета.

Слетувањето е предвидено за сабота во 1 часот по полноќ, иако засега Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) сè уште официјално не го потврдила тоа.

Планирана е мисијата наречена Тијанвен-1 (Прашања до рајот) во две фази. Првата фаза, испраќањето на леталото во орбитата на Марс, беше успешно завршена. За време на втората, кинеското вселенско летало би требало да спушти орбитер и ровер на Марс.

Тијанвен-1 се состои од три компоненти: орбитер, летало и роботско возило, а масата на целото вселенско летало е околу 5 тони. Ќе се обиде да слета на копно со роверот на површината, додека орбитерот ќе продолжи да кружи околу Црвената планета.

Роверот со соларен погон е тежок 240 килограми, а по слетувањето три месеци ќе бара биомолекули и други знаци на живот, по што неговата мисија завршува. Орбитерот, пак, треба да кружи околу Марс уште две години.

Роверот наликува на роверите на НАСА 2000 Спирит и Опортјунити, а се напојува со соларни панели.

Кога станува збор за истражување на Црвената планета, досегашната статистика е добро позната - скоро половина од сите претходни обиди не успеале. Првиот обид на Кина да испрати сателит „Јингхуо-1“ на Марс пропаднал бидејќи нејзиниот руски носач престанал да работи и се урна во Тихиот океан.

Доколку Тјанвен-1 безбедно слета на тлото на Црвената планета, тоа ќе биде првото слетување на Марс во последните неколку децении, што не било извршено од НАСА. Иако Советскиот сојуз го спушти леталото на површината на Марс во 1971 година, тоа престанало да работи 110 секунди по слетувањето, по што е изгубен контакт со него. Досега само САД успеале да слетаат на Црвената планета, осум пати од 1976 година.

Повеќе од половина од леталата што требало да ја допрат земјата на Марс или експлодирале, или изгореле, или се скршиле на површината.

Во случај мисијата да успее, Кина ќе стане трета земја во светот која успешно ќе слета на површината на планетата или втора чиј ровер детално ја истражува оваа далечна планета.

притисни ентер