Филипче: Двата Илиндена не обединуваат околу заедничката борба за просперитетна Македонија

Претседателот на СДСМ проф. д-р Венко Филипче денеска во чест на 2 Август, положи свежо цвеќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

Претседателот на СДСМ проф. д-р Венко Филипче денеска во чест на 2 Август, положи свежо цвеќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“. Филипче во изјава за медиумите ги честиташе двата Илиндена, истакнувајќи дека исполнувањето на аманетот на државотворците од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија.

,,Овие два Илиндени сами по себе говорат за опстојноста на идејата за слобода, за соживот, за надминување на поделбите, национализмот, пропагандите и за сплотеност околу идејата за еднаквост и рамноправност на сите, независно од различноста и уверувањата. Слободарскиот дух, на илинденците и на асномците ги сплоти сите кои сакаат слобода, правда и социјална еднаквост, независно дали таа нивна борба се водела во епоха на монархии или во време на фашистичка окупација" - рече Филипче во изјава за медиумите.

Филипче, истакна дека Македонија денес е членка на НАТО, меѓународно афирмирана држава.

,,Нашата татковина е земја на вредни луѓе, изминативе години се изборивме за меѓународно признавање и афирмација на нашата земја, влеговме во НАТО, покажавме дека во оваа земја живеат граѓани со голема жилавост, подготвени да ги остварат сопствените цели, за демократска, слободна, праведна европска држава" - рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој додаде дека политиката не смее да биде пречка за обединување околу илинденските и асномските идеали.

,,Не смее политиката да биде извор на подеми и падови, уназадување на државата и причина за нови внатрешни кризи и поделби. Ова е време во која борбата е за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни"-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во апртиското соопштение.

Таравари:Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти

Во тек се 1200 вработувања во здравствените установи од кои 600 специјализанти ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој потенцираше дека се уште има недостаток на средно медицински кадри.

Тој рече дека нема да се градат нови болници, но ќе се реновираат постоечките во Штип, Кичево, Охрид и Струмица .

Алатка за вештачка интелигенција за новинари претставена во Париз

Алатката за вештачка интелигенција (ВИ) за новинари наречена Спиноза беше претставена денеска пред Самитот за вештачка интелигенција во Париз.  

Меѓународната невладина организација Репортери без граници (РСФ), со седиште во француската престолнина, посочи дека алатката покажува дека „одговорната употреба на вештачката интелигенција во редакциите е можна“ под услов да бидат вклучени новинари.

РСФ и француското здружение Алијанса за медиуми (Apig) заеднички започнаа проект во ноември 2023 година за развој на таква алатка. Двете организации ги објавија заклучоците од експериментот во извештај нешто повеќе од една година подоцна, а главната лекција е дека „првата алатка за вештачка интелигенција Спиноза функционира“.

Фокусиран на климатските прашања, прототипот се заснова на систем за истражување и синтеза, дизајниран да им помага на новинарите, а не да ги замени. Алатката е создадена во согласност со неколку етички принципи како што се веродостојноста на информациите, транспарентноста на изворите и почитувањето на авторските права.

Спиноза содржи неколку бази на податоци - повеќе од 28.000 статии, околу 1.000 содржини обезбедени од агенцијата Франс прс (соработник од јули 2024 година), научни и правни податоци од јавни тела и Агенцијата за животна средина и енергија.

- Резултатите се „повик да не се остави развојот на генеративната вештачка интелигенција (создавач на содржина) во рацете на технолошките играчи, чии економски приоритети и идеолошки предрасуди се разликуваат од потребите на медиумите“, рече генералниот директор на РСФ, Тибо Брутин.

Кодот за алатката ќе биде направен со отворен код на пролет за да им овозможи на „новинарите и програмерите да ја персонализираат и приспособат алатката на нивните потреби“.

Во експериментот учествуваа регионалната новинарска група Ебра, спортскиот дневен весник Л'екип (L'Equipe) и весникот Либерасион (Liberation).

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски за малолетниците кои вандализираат

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа.

Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам, соопштија од Општина Центар.

- Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

-За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, се наведува во соопштението од Општина Центар.

притисни ентер