Филипче: Да се однесуваме одговорно и без паника со што ќе го заштитиме здравствениот систем

Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем.

Граѓаните да применуваат примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба и да се почитуваат стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување, апелира министерот за здравство Венко Филипче.

Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови, посочува Филипче и додава дека лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

– Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем, а со тоа и сите нас како граѓани на Република С.Македонија, истакнува Филипче на својот ФБ профил.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

притисни ентер