Филипче: Апликацијата „Стоп корона!" ја имаат инсталирано 55 илјади лица и претставува сериозна алатка во рацете на медицинските работници - Канал 5

Филипче: Апликацијата „Стоп корона!" ја имаат инсталирано 55 илјади лица и претставува сериозна алатка во рацете на медицинските работници

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновите информации во врска со КОВИД-19 .

Филипче: Апликацијата „Стоп корона!" ја имаат инсталирано 55 илјади лица и претставува сериозна алатка во рацете на медицинските работници

„Денеска се регистрирани 22 оздравени пациенти, по градови: Скопје - 2, Куманово - 6, Штип - 3, Прилеп - 7, Тетово - 1, Струга - 1 и Кочани - 2. За жал, имаме еден починат пациент од Велес, на 70-годишна возраст, кој е хоспитализиран на 4-ти мај во болницата во Велес, но заради влошување на состојбата е препратен на Инфективната клиника. Пациентот починал на пат кон клиниката", изјави министерот Филипче.

Тој информираше дека во изминатите 24 часа, потврдени се 33 нови случаи, и тоа: во Скопје - 11, во Куманово - 2, во Штип - 1, во Прилеп - 5 , во Тетово - 2, во Велес - 9, во Битола - 2 и во Крива Паланка – 1 пациент. Согласно ова, вкупната бројка на новодијагностицирани од почетокот на епидемијата е 1.582, оздравени пациенти 1.079, починати 89, што значи дека во моментов активни случаи во нашата земја има 404. Направени се 332 теста, односно вкупно досега 18.168 тестови.

„Денеска имаме еден скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме во следните денови за да видиме дали е случајност, некоја варијација или ќе биде некаков тренд. Тоа се резултати од само еден ден и не можеме да заклучиме ништо само од овие резултати, од денеска, односно од изминатите 24 часа. Ние во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани. Во таа смисла во текот на утрешниот ден и во сабота ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие. Засега остануваат во сила сите мерки и апелирам сите граѓани доследно да ги почитуваат", потенцираше министерот Филипче.

Според него, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени три пациенти, вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15 пациенти, на механичка вентилација четири пациенти. Во болницата „8 - ми Септември" примени се осум нови пациенти, вкупно хоспитализирани 18, на респираторна машина еден пациент, а уште двајца со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти и се следат тројца на домашно лекување. Во Штип хоспитализирани се шест, еден се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово вкупно хоспитализирани се 54 пациенти.

„Со амбасадорката на Швајцарија, денеска ја посетивме монтажната болница до Инфективната клиника, еден капацитет, којшто значи нови 72 кревети, кои за среќа сега и се надевам така и ќе остане, нема потреба да се користат. Но, капацитетот ќе се користи во смисла на организирање на еден, како што најавив Ургентен интернистички центар, каде што ќе се прави тријажа на пациентите и оттука по соодветниот преглед, тест доколку се наметне потреба, ќе се упатат или на Инфективната клиника или на другите клиники. Но, ќе знаеме дали некој е позитивен на вирусот или не, а со цел да се воспостави еден коридор којшто ќе важи за целиот Клинички центар", рече министерот Филипче.

Тој информираше дека денеска стигнале 20 монитори, помош од Европската Унија, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хируршки маски, 750.000 пара ракавици, 10.000 заштитни наочари. Со ова, вкупната вредност заедно со респираторите, од кои дел веќе стигнале, а дел ќе стигнат од Европската Унија, достигна вредност од 3,2 милиони евра. Министерот Филипче додаде дека е добиена потврда и дека стигнуваат 20 респиратори од Норвешка, со овие 20 респиратори, 20 - те на Европската Унија и 15 - те потврдени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), значајно се зголемува бројот на респираторни машини, многу повеќе од две третини од вкупниот број, со којшто располага нашата земја. Истите како што истакна Филипче соодветно ќе се распределат и тоа значи значајно зајакнување на здравствениот систем.

„Во однос на скринингот, Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје го завршија планот за скрининг, којшто треба да почне следната недела, некаде околу 400 до 500 тестови согласно индикациите по критични групи на граѓани. Скринингот ќе се прави како што најавивме со ПСР – тестовите, преку матичните лекари, но после денешниот состанок на којшто присуствуваше и претседателот на Стоматолошката комора и преку матичните стоматолози ќе се врши земањето на овие брисови, заради тоа што тоа е во нивна сфера на работа. Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица, во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти, коишто треба да примат биолошка терапија - практично категории за коишто многу ни е важно да го процениме ризикот и да идентификуваме асимптоматски носители", истакна министерот Филипче.

Тој подвлече дека зголеменото време на движење на граѓаните, а со тоа и зголемениот број на луѓе, со коишто се контактира во денот е една ситуација во којашто апликацијата „Стоп корона!" (https://stop.koronavirus.gov.mk/) е навистина важна. Користењето на апликацијата значи дека пополнувањето на анкетите на епидемиолозите многу ќе им се олесни, заради тоа што полесно се стигнува до контактите, вклучувајќи ги и оние контакти, за кои луѓето не се свесни дека ги имале.

„Оваа апликација, сметам дека е сериозна алатка во рацете на медицинските работници, заради тоа што може да овозможи прекинување на синџирот на пренос на вирусот, полесно следење, рано предупредување на лицата кои имале контакт со лице позитивно на корона, навремено започнување на терапија и секако изолација на лицата кои се идентификувани како контакти. Важноста на ваква апликација вчера ја потврди и Европската комисија. Во овој момент кај нас ја имаат инсталирано 55 илјади граѓани. Во периодот којшто следи ќе спроведеме една акција и преку матичните лекари и матичните стоматолози, како апел, што повеќе граѓани да ја инсталираат оваа апликација", потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче, за состојбата во Велес и растот на новозаразени информираше дека денеска и утре интензивно работат Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кои ќе направат надзор во неколку фабрики, но и во други објекти, каде што е детектирана потребата од инспекција и во текот на утрешниот ден, во попладневните часови ќе има прецизен увид за што точно станува збор, во однос на новодијагностицираните пациенти.

„На крај неколку зборови за Комисијата за заразни болести. Не гледам апсолутно никаква потреба да се политизира работата на Комисијата за заразни болести, ниту пак било кој дел од целокупниот овој процес. Во сите овие изминати недели, месеци се работеше исклучително професионално и во интерес на јавното здравје на граѓаните, никогаш во интерес на политиката. Така ќе биде и во иднина. Сакам да упатам јасна порака до граѓаните, дека треба и мора да бидат спокојни околу тоа прашање, заради тоа што целокупната работа, носењето, предлагањето на мерките се носи согласно состојбите, анализите, бројките на новодијагностицирани пациенти, спроведувањето на мерките, почитувањето од страна на граѓаните и тоа така ќе биде и во иднина. Апелирам на крајот, до граѓаните, повторно да се почитуваат мерките за превенција заради тоа што тоа е единствениот начин да се стави крај на ширење на патот на вирусот", истакна министерот Филипче.

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје.

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе.

Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.

Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.

Што треба да направите ако видите лисица?

• Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.

• Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.

• Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.

• Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.

Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата.

Активисти на

Анима Мунди

Воедно, побаравме мислење од Македонското Еколошко Друштво (МЕД), а дел од нивниот коментар го споделуваме во продолжение:

Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки.

Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно.

Здружение за заштита на животни „Анима мунди“

Србија: Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените

Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на повредените од пожарот во Кочани.

Србија: Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените

Студентите кои се во блокада денеска поднесоа кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против претседателот на Србија Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека „поради рејтинг“ ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Клиничкиот центар на Србија.

„Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред зградата на обвинителството, пренесува Бета.

Претставник на студентите, кој не се претстави, во прочитано обраќање истакна дека Вучиќ влегол во болницата без заштитна маска и ракавици, во придружба на поединечни медиуми, додека пред него лежеле пациенти во болки.

- Тоа не беше само арогантен гест, туку и понижување на здравствениот систем и на повредените луѓе. Изгорената кожа не е рекламна табла. Правда за нив е правда за сите, изјави студентот.

Студентите му порачаа на обвинителството дека не молат, туку бараат да постапува согласно законот, а не од страв.

На студентите им се приклучи и Здружението на здравствени работници, кои на голем транспарент истакнаа парола „Здрав систем, здрави луѓе“, додека студентите носеа транспарент со цитат од законикот на цар Душан дека судиите се должни да постапуваат според законот, а не од страв од власта.

Групата студенти од Правниот факултет, кои го носеа транспарентот додека маршираа до обвинителството, им се придружи и група студенти што тргнаа од Медицинскиот факултет.

Собраните пред обвинителството во 11:52 часот одржаа и акција „16 минути тишина“ во спомен на 16-те загинати при уривањето на реконструираната кровна конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека утрово бил извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица.

- Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот Александар Стојкоски.

Со овој зафат, како што нагласуваат од Општина Ѓорче Петров, се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково.

- Општина Ѓорче Петров останува посветена на изградбата и реконструкцијата на инфраструктурата, со цел да обезбеди подобри услови за живот за сите граѓани, се додава во соопштението.

притисни ентер