Филе: Србија од утре поблиску до Европа

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе му го честиташе на Белград утрешното стапување во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и нагласи дека Србија од утре ќе биде „чекор поблизу до ЕУ“.

Тој оцени дека ССА ќе и овозможи на Србија да ги достигне европските стандарди во различни области, што претставува камен-темелник на нејзиниот пат кон ЕУ.

Филе наведе дека во 11 месеци од примената на Преодната трговска спогодба, извозот на Србија во земјите на ЕУ е зголемен за 4,8 отсто, додека суфицитот во трговијата со земјоделски производи со ЕУ од 2009 година пораснал за два ипол пати, и сега изнесува 500 милиони евра.

ССА меѓу Србија и ЕУ стапува во сила на 1 септември, откако на 24 јули Унијата ја извести Србија дека е завршена постапката на ратификација на Спогодбата во земјите членки.

притисни ентер