Фејзулаи со албанска рап песна ,,Ак47” тргнал да убива низ Виена

Австриската полиција добила видео што може да расветли детали за терористичкиот напад на 2 ноември, односнио како терористот Кујтим Фејзулаи дошол вооружен во центарот на Виена.

На видеото се гледа како маж, на совозачкото седиште, седи во автомобил БМВ со автоматска пушка меѓу нозете, ист вид оружје употребено во нападот во кој беа убиени четири лица, а повеќе од 20 лица беа повредени.

Според неделникот „Профил“, полицијата го добила ова видео од 10 секунди, ноќта на нападот.

Во позадина се слуша албанската рап песна „Ак47“ од пејачот Нуш.

Полицијата утврдила дека оружјето што се гледа на видеото е автоматската пушка „застава М70“, истата што ја користел Фејзулај во терористичката акција.

Видеото е објавено на две групи на WhatsApp, а еден од членовите на тие групи бил во контакт со напаѓачот во неделата пред атентатот.

Исто така, 21-годишникот е сопственик на црно BMW 321i, поради што е осомничен дека го возел терористот, а со тоа учествувал и во нападот.

Покрај тоа, во јавноста стигнале нови информации и за 20-годишниот Фејзулаи, кој, по предвременото ослободување од притвор, барем еднаш бил на сослушување во Службата за заштита на уставот и борба против тероризмот.

Тој бил испрашуван за луѓе од исламистичката сцена.

Виенската полиција потврдила дека спровела „анализа на опасност“ во јануари годинава, а во февруари на Фејзулаи му бил одземен австрискиот пасош.

Magistrat 20 објавил дека Фејзулаи се обидел да извади лична карта, но полицаецот видел дека е осуден за тероризам, па го одбил неговото барање и побарал да му биде одземена.

Фејзулаи имаше државјанство на Австрија и Македонија, од каде потекнуваат неговите родители.

Регистрирани се 1069 нови случаи на Ковид -19, починале 29 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 27464, активни 10151

• Куманово 3806, активни 896

• Дебар 465, активни 100

• Штип 2717, активни 535

• Прилеп 3091, активни 1008

• Тетово 3859, активни 910

• Струга 1483, активни 440

• Велес 2028, активни 678

• Битола 2112, активни 882

• Охрид 1638, активни 604

• Кавадарци 1292, активни 491

• Гостивар 2599, активни 922

• Гевгелија 754, активни 232 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1741, активни 564

• Крива Паланка 444, активни 136

• Радовиш 442, активни 121

• Крушево 132, активни 70

• Кочани 1249, активни 237

• Пробиштип 365, активни 87

• Демир Хисар 202, активни 77

• Македонски Брод 173, активни 48

• Пехчево 100, активни 20

• Берово 367, активни 88

• Валандово 221, активни 66

• Виница 378, активни 148

• Делчево 462, активни 202 (135 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 50

• Свети Николе 848, активни 230

• Кичево 1287, активни 472

• Ресен 464, активни 184

• Неготино 608, активни 316 (79 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3012 теста се преку: ИЈЗ-703, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-263, Биотек-304, МАНУ -219, Жан Митрев (Филип Втори)-256, Систина со PCR метода -212, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-1, Инфективна клиника-2, ГАК-9, Синлаб-59, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -802, УК Пулмологија со алергологија –7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.

Швеѓанка го држела 30 години својот син во заробеништво

Седумдесетгодишна жена е уапсена во Стокхолм бидејќи го држела својот син во заробеништво 30 години, соопшти денеска полицијата и обвинителството.

40-годишен маж во неделата бил пронајден во многу лоша состојба од роднина во станот, изјавила за Ројтерс обвинителката од Стокхолм, Ема Олсон, велејќи дека тој се наоѓал таму можеби 30 години.

Неколку шведски медиуми цитирале роднина кој го затекнал како човекот лежи на ќебе на подот, тој бил без заби, не можел да зборува, а телото било покриено со рани и чиреви.

„Сега е во болница ... Знам дека му треба операција“, рече Олсон, кој не дала други детали за неговата состојба.

Весникот Експресен и другите медиуми објавиле дека синот бил изваден од училиште на околу 12-годишна возраст. Покрај него на ѕидот имало два календара од 1995 и 1996 година, а станот беше во неред, рекол роднина, како што пренесуваат медиумите.

Мајката ги негира обвиненијата за чување во заробеништво и сериозна телесна повреда, се вели во изјавата на Олсон. Ниту еден од нив не бил именуван.

Засега нема објаснување зошто синот бил држен во заробеништво.

Полицијата, предупредена од персоналот на болницата,го опколила станот во областа Ханкинг во Стокхолм.

„Истражуваме колку долго бил затворен синот, претпоставуваме дека е многу долго“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.

СЗО: Лоша е состојбата во Мексико

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека Мексико е во „лоша состојба“ со оглед на бројот на заразени и жртви од коронавирус.

Според мексиканската влада пандемијата најверојатно ќе се интензивира до јануари.

Мексико, со скоро 106.000 жртви од ковид-19, е четврта земја во светот според бројот на починати. Потврдените случаи на инфекција надминале 1,1 милиони, иако здравствените експерти предупредуваат дека бројот е веројатно многу поголем.

„Подемот на заразени и мртви во Мексико е многу загрижувачки“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус. „Мексико е во лоша состојба“, додаде Тедрос. До 12 октомври, околу 2.000 луѓе умирале неделно во земјата, но тој број сега е двојно зголемен.

Најмалку седум од 54 болници во Сиудад де Мексико кои лекуваат пациенти со ковид се исполнети, се вели во извештајот на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).

Мексиканскиот заменик-министер за здравство, Уго Лопез-Гател очекува пандемијата да продолжи да се влошува до јануари.

притисни ентер