Фармацевтска компанија нуди ефтини вакцини,но последиците од нуспојавите да ги плати ЕУ

Европските влади ќе ги плаќаат обесштетувањата што ја надминуваат границата договорена со АстраЗенека за можните последици од нивната потенцијална вакцина против Ковид-19, изјави европски претставник за Ројтерс.

Договорите ги одразуваат различните стратегии на овие водечки глобални производители на лекови кога станува збор за одговорност за можните последици од вакцините насочени кон ставање крај на пандемијата.

Британската компанија AstraZeneca доби поддршка од Европската унија на таен договор, бидејќи барале пониска цена за нивната потенцијална вакцина, изјавило официјалното лице.

„Ако некоја компанија побара повисока цена, ние не даваме еднакви услови“, изјавило службеното лице кое учествувало во преговорите, но не сакало да биде именувано бидејќи договорите се тајни.

Неочекувани несакани ефекти откако лекот ќе добие регулаторно одобрување се ретки, но поради брзината со која се развива вакцината против Ковид-19, ризиците се поголеми.

Договорот со AstraZenecа, со кој што се префрла дел од ризикот на вакцините кај даночните обврзници, е договорен со Европската комисија во август, но одредбите за одговорност досега не се познати.

Според договорот, AstraZeneca ќе плаќа судски трошоци само до одредена граница, рече официјалното лице. Тој не сакал да каже како остатокот од трошоците ќе се подели со одделни земји-членки или колку ќе биде ограничувањето.

Финансискиот „штит“ ќе ги покрие судските трошоци и можната отштета, потенцијално многу поголема сума во случај нешто да тргне наопаку.

Француската компанија „Санофа“, која соработува со „ГлаксоСмитКлајн“ во развојот на вакцината, не се согласи за ваквите услови затоа што барале повисока цена.

Портпаролите на АстраЗенека, Санофи и Европската комисија одбиле да ги коментираат деталите за договорот.

Запрашан за релативно ниската цена на вакцината, портпаролот на АстраЗенека го повтори ветувањето на компанијата дека нивната вакцина ќе биде широко достапна и дека не планира да оствари профит од неа во време на пандемијата.

Според договорот со компанијата, земјите-членки на ЕУ се согласиле да плаќаат 2,5 евра по доза, додека Санофа се договорила за цена од околу 10 евра, рече официјалното лице.

Ова се единствените договори за вакцините против Ковид-19 што Брисел досега ги потпишал.

Според договорот, ЕУ и платил неповратен депозит од 336 милиони евра на АстраЗенека за 400 милиони дози, и 324 милиони евра на Санофа за 300 милиони дози.

Европски официјален претставник за Ројтерс изјави дека договорот со АстраЗенека вклучува тесна дефиниција на несакани ефекти, што може да ја ограничи можноста за отштета, иако компанијата останува одговорна за својата вакцина.

Договорот е договорен пред компанијата да ги паузира клиничките испитувања во доцната фаза на нејзината потенцијална вакцина овој месец, откако британски волонтер разви некои невролошки симптоми. Тестовите во меѓувреме продолжија во Британија, но не и во САД.

Европските влади би ги споделиле трошоците за компензација само доколку се појават неочекувани несакани ефекти по одобрувањето на вакцината.

Одговорноста за вакцината е клучното прашање во преговорите со производителите на вакцини против Ковид-19 затоа што компаниите се плашат да ризикуваат повеќе судски трошоци отколку кога развојот на вакцините трае многу подолго.

Производителите на лекови ги повикаа европските регулатори да воспостават европска шема за компензација, додека организациите за пациенти бараат европски фонд за финансирање на фармацевтски компании и исплата на компензација за неочекувани несакани ефекти.

САД ги ослободиле производителите од одговорност за вакцините против Ковид-19 кои добиваат регулаторно одобрување.

Русија најави дека ќе преземе дел од одговорноста за вакцината изработена од московскиот институт Гамалеја доколку се појават проблеми.

Европските закони се многу строги и обвинителите мора да ја докажат врската помеѓу болеста и вакцината што наводно ја предизвикала.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер