Сите политчки партии кои имаа своја кауза да го сменат карактерот на државата пропаднаа. ДУИ остана толку на власт и имаше поддршка од странците поради што за што имаа за цел, а е и дел од името а тоа е интеграција на државата во ЕУ. Кога ДУИ влезе во Европскиот фронт заедно со политичките лидери од ДПА и Села, а тие во своите програми имаа теза за кантонизација, федерализација на државата и мислам дека идејата е подбуцната од ние двајца за да му заврши политичката кариера на Ахмети. И со кексите беше истото. На правникот експерт што и да му побарате ќе изработи за пари. Може имаат идеја и Пол Вилијамс да им донесе памфлет за федерализација на државата. Но, имаме независна држава и за да се направат измените според барањата на ДУИ треба да има уставни измени или преку референдум на кој ќе има амин од 900.000 гласови, вториот начин е со дво-третиснко мнозинство, трето е да се симнат чизмите од таванот, но и тоа да се случи треба поддршка од странство. Да не им даваме толку внимание на ДУИ кои имаат цел само да дојдат на власт.
Треба да дадеме уште малку време, во Бугарија се уште нема влада, можеби ќе има поместување на позициите во 2025 година. Ние да се фокусираме внатре во државата и на реформите, може и се да смениме и повторно да не бидеме дел од ЕУ. Да, за внатрешен план времето работи за нас, рече Љуљзим Фаризи во Само Вистина.