Факултетот за безбедност одбележа 45. години од формирањето

Факултетот за безбедност во Скопје дел од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола денеска одбележа 45. години од формирањето и првиот академски час за оваа учебна година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски честитајќи го јубилејот истакна дека безбедноста е наука што динамично се развива и дека треба да ги следни модерните предизвици.

-После 45 години Факултет за безбедност продолжува со несмален интензитет и стремеж да го потврдува она што со години наназад успешно го фундираше и го надградуваше своето научно-стручно реноме односно своето место во образовниот систем, рече Спасовски.

Почетокот на академската година е подеднакво важен и за новите студенти и за оние кои продолжуваат, додаде Спасовски.

Од основањето во 1977 досега на Факултетот за безбедност дипломирале 3.500 студенти прв циклус, магистрирале 140 студенти, а со звање доктор на науки од областа на безбедност се стекнале 47 студенти.

-Безбедноста со нејзината широка интердисциплинарност е наука што динамично се развива, разгранувајќи ја и етаблирајќи ја сопствената применливост во огромната низа општествени сегменти, така што модерните општества се повеќе ја препознаваат нужноста од безбедносно инволвирање, рече Спасовски.

Во годините наназад, истакна тој, Министерството за внатрешни работи демонстрираше крајно отворен и партнерски пристап кон безбедносните науки притоа на прво место ставајќи ги образовно – стручните критериуми и стандарди.

Проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола го честиташе јубилејот на Факултетот за безбедност во Скопје и им посака успешни студии на новите студенти.

-Искористете ги овие години за студии, за магистратура…но и за дружење. Ве повикувам да ги искористите сите потенцијали што ги нуди Факултетот, и можноста за грантови, студиски престои. Новиот менаџмент на Универзитетот ќе ве стимулира вас студентите за учество во сите процеси, рече проф. д-р Неделковски.

Новиот ректор на битолскиот Универзитет рече дека неговите заложби се за понагласено место на студентите во рамки на оваа високообразовна институција.

-Ќе направиме се што е во наша моќ Универзитетот да биде ваш втор дом, да напредувате лично и персонално, а нас да не направите горди на вашите успеси, рече проф. д-р Неделковски.

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски рече дека овој факултет има историја и минато, но најмногу од се има сегашност и иднина.

Проф. д-р Дујовски истакна дека ова е единствениот Факултет за безбедност во земјата и дека во изминатите години во соработка со Министерството за внатрешни работи и другите безбедносни институции е еден од најголемите факултети во општествените науки, на што е особено горд.

-Оваа година го задржавме трендот на интерес кај матурантите и се запишаа вкупно 208 студенти, редовни и вонредни на сите активни студиски програми, посочи деканот на Факултетот за безбедност честитајќи им го првиот академски час, и посакувајќи им успешни студии како ним така и на останатите студенти.

На настанот зборуваа и повеќе професори од овој Факултет, а беа доделени и свечени плакети, меѓу другото и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Кличко: Смената на Залужни е грешка, тој не бранеше од најмоќната армија во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски згреши што го разреши популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Отказот на Валери Залужни беше голема грешка. Мораме да се обединиме околу луѓето кои имаат најголема поддршка - како Залужни, кој има најголем рејтинг на анкетите“, изјави Кличко за италијанскиот весник „Ла Република“.

„Две години успешно ја бранеше нашата земја од најголемата и најмоќната армија во светот“, рече Кличко, додавајќи дека јавноста го гледа познатиот генерал како „најважниот бранител на нацијата“.

Кличко, кој претходно го обвини Зеленски за „авторитаризам“, тврдеше дека претседателот „требаше да објасни зошто донел одлука што го шокираше секој Украинец“, бидејќи „многумина се чувствуваа збунети, очајни“.

Тој додаде дека „големата грешка што многу луѓе ја прават денес е играњето политика“.

Како што јавуваат медиумите, Валери Залужни беше заслужен за водењето на одбраната на Киев во раните фази на конфликтот, како и за успешните операции во втората половина на 2022 година.

Овие успеси беа нарушени со неуспешна контраофанзива во 2023 година, за време на која украинските војници претрпеа големи загуби и изгубија многу тенкови и друга опрема обезбедена од Запад. Сепак, Залужни остана популарен, со рејтинг од повеќе од 80 отсто според анкетата во декември.

ЦУК: Седум пожари на отворено изминатото деноноќие

Седум пожари на отворено изминатото деноноќие, отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.

Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

- РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Комисијата за заразни болести ќе заседава, 123 случаи на голема кашлица во Скопје

 Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат. 

Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

На 28 февруари, министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски изјави дека при контролите за вакцинација во градинките, поради епидемијата со голема кашлица, не се констатирани прекршоци.

- Ги зголемивме контролите, инспекторите се на терен. Имаме записници добиено по основ на самите инспекциски надзори. Досега не се констатирани прекршувања, односно во самите решенија коишто се доставени од инспекторите нема прекршување на делот каде што градинките не го почитуваат законскиот момент за прием на деца кои немаат вакцинални картони, односно се здрави. Така што, има контроли, на терен се инспекторите, сме во постојана координација и се надевам дека ќе придонесеме да не се рашири повеќе оваа болест, нагласи техничкиот министер за труд и социјална политика.

На 15 февруари, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според него, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

- Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

притисни ентер