Фајненс Тинк го објави Макроекономскиот монитор

Фајненс тинк го објави Макроекономскиот монитор К1 2022.

Во првиот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2.4% на годишна основа. Овој раст е остварен на ниска споредбена основа од К1-2021, но е сличен на динамиката од 2021 година, укажувајќи на понатамошна умерена пост-пандемиска консолидација на економските текови. На ова укажува и растот од 11.2% во секторите трговија, транспорт и хотелиерство, кои беа најизложени на затварањата на економијата во текот на пандемијата. Кај останатите сектори, растот во К1-2022 е стагнантен, што е особено забележливо кај земјоделството (0.3%) и преработувачката индустрија (0.2%), додека градежништвото забележа значителен пад од 17.2%. Растот на извозот и увозот забрза, на 11.1% и 24.4%, соодветно, што е одраз на олабавувањето на тесните грла во глобалните синџири на снабдување од почетокот на годината, а пред Руската инвазија врз Украина. Бруто инвестициите (38.6%) бележат значајно понатамошно закрепнување. Стабилизацијата на пазарот на труд и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (4.9%), додека јавната потрошувачка (0.5%) во овој квартал одразува фискална консолидација при реализација на иницијално планираниот буџетски дефицит во износ од 19.9%.

Невработеноста во првиот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14.8% од претходните 15.2% (К4-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47.3% на 47.1%. Овие остварувања се резултат на понатамошното пасивизирање на населението (пад на стапката на активност од 55.7% на 55.3% помеѓу два квартала).

Во првиот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 7.7% на годишна основа. Овој раст на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување и ресторанско-хотелски услуги.

Неизвесноста во економијата значајно се засили по Руската инвазија врз Украина на крајот од февруари 2022. Изгледите за растот на Европскиот континент се влошија, а интензитетот на конфликтот укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со првичните прогнози. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.8%, додека годишната инфлација се проектира на 9.7%.

Finance Think

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово

Советничката листа на СДСМ и колацијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово, составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско.

Ова го порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните.

Спасовски ги повика граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот.

СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски.

Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски, се наведува во партиското сооштение.

Џенифер Анистон во бикини го запали Инстаграм (ФОТО)

Џенифер Анистон на Инстаграм ги покажа резултатите од својот здравствен и фитнес режим со серија фотографии во бикини, пишува Daily Mail.

Вчера таа се појави на Инстаграм за да сподели фотографии од нејзиниот последен одмор на плажа со пријателите, вклучувајќи го и колегата од „Horrible Bosses“ Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка.

На фотографиите, 53-годишната ѕвезда на „Пријатели“, позната по тоа што се залага за секојдневно вежбање и медитација, е снимена со група пријатели на непозната локација на плажа.

На една фотографија се гледа како актерката се релаксира на песокот, правејќи селфи додека лежи на стомак, додека на други го покажува нејзиното затегнато тело.

Македонија се најде во новиот Закон за буџет за одбрана на САД

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

-Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

притисни ентер