Фајнанс тинк: Во 1988 невработеноста високи 22%, денеска е на ниво од скоро 16%

Ако за 30 години низа држави го триплирале својот БДП по глава на жител, кај нас пораснал само 60%... Ова го покажува анализата на Фајненс тинк. 

Пред 30 години Македонија имала слично ниво на БДП по жител со Латвија, Полска, Казахстан и Романија, а денеска е на слично ниво со Албанија, Грузија и Туркменистан. Сепак за разлика од останатите држави, во земјава БДП пораснал најмалку.

Кога е невработеноста во прашање пак, ако во 88мата таа била високи близу 22%, денеска е на ниво од скоро 16%. Но, се уште е над т.н природна стапка на невработеност.

За 30 години, се зголемиле и разликите помеѓу богатите и сиромашните држави од поранешната СФРЈ. Евидентни разлики се забележуваат кај износот на просечните плати во поранешните ЈУ држави.

За 30 години земјава претрпе низа надворешни и шокови од неекономска природа кои оневозможија економијата да оствари повисоки и континуирани стапки на раст, заклучува Фајненс Тинк. Корона пандемијата лани ја втурна земјава во рецесија со пад од 4,5% на БДП. За годинава прогнозите се дека ќе ја завршиме со раст од 4%, а во наредните години тој да расте 5%.

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи „Социо-еколошки форум Скопје 2021". 

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.

Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт", воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти.

Предивдено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.

СЕФ Скопје има за цел да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија.

– Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен, се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт".

Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт", „Олоф Палме" меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Тим-билдинг трка за компании „Business Run 2021"

Тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се натпреваруваат на штафетната трката за компании, „Business Run 2021".

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компани-ите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Трката ќе биде штафетна со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови на „Business Run 2021" ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Организатор на трката е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

Сончево и топло до 32 степена

Времето утрово ќе биде студено, а во текот на денот  сончево и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури.

Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

притисни ентер