Facebook ја укинува забраната за објавување вести во Австралија

Фејсбук потврдил дека ќе ги врати страниците на австралиските весници откако од Канбера понудиле измени во предложениот закон донесен , за да ги принуди технолошките гиганти да плаќаат за медиумската содржина прикажана на нивните платформи.

Австралија и гигантот за социјални мрежи се во мртва трка повеќе од една недела откако владата предложила закон со кој се заканува доминација на Фејсбук и „Алфабет Инко“ на „Гугл“ на пазарот на содржини во весниците.

Фејсбук минатата недела ги блокира сите медиумски содржини, како и неколку сметки на владата и одделот за итни случаи.

Но, по низата разговори меѓу секретарот за финансии Џош Фрајденберг и шефот на Фејсбук , Марк Цукерберг за време на викендот, била договорена концесија.

Австралија ќе понуди четири амандмани, кои вклучуваат промена на задолжителниот арбитражен механизам што се користи кога технолошките гиганти не можат да постигнат договор со медиумите за фер плаќање за покривање на весниците.

„Задоволни сме што австралиската влада се согласи на голем број измени и гаранции што се однесуваат на клучните прашања во врска со дозволувањето на комерцијални договори што ја признаваат вредноста на нашата платформа во замена за вредноста што ја добиваме од медиумските куќи“, рече Фејсбук во изјавата на Интернет .

Амандманите вклучуваат двомесечен период на медијација пред да биде вклучен медијатор избран од владата, давајќи им време на двете страни да постигнат приватен договор.

„Само Вистина" со Сафет Бишевац и Никола Дујовски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Никола Дујовски. 

ДУЈОВСКИ: Се надевам дека и во бугарските безбедносни служби има професионалци и ако работата отиде во спротивната страна да им се укаже дека станува збор за манипулација со силата на системот за да се загрози соседната земја.

БИШЕВАЦ: Не станува збор за инцидентна постапка туку за бугарска државна политика и е обид да се остварат нивните цели а тоа е остварување на идејата за Санстефанска Бугарија.

БИШЕВАЦ: Обидот за бегството на Мијалков покажа дека институциите се руинирани.

ДУЈОВСКИ: Нема друга земја во Европа каде што луѓе кои и по симнување од власт се уште се покажува дека ги контролираат институциите.

ЃУРЧЕВСКИ: Без помош од органите и крт внатре во органите, Мијалков немаше да се обиде да бега, треба да се утврди одговорноста на сите инволвирани.

БИШЕВАЦ: Имаме еден куп акциски планови за борба против се нешто, проблемот е дека не се реализира ниту првиот чекор од нив.

ДУЈОВСКИ: За проблемите со корупција најголема одговорност носи власта и ги повикувам граѓаните да останат коректор на политиките на власта.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Владата ја усвои и даде поддршка за Концепцијата за основно образование

Владата на денешната седница даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни.

Се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

Како што соопшти владината прес-служба, во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.

Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН, стои во соопштението.

Натаму се додава дека посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Карамбол во Калифорнија: Најмалку 15 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинале денеска во верижен судир во јужна Калифорнија, на околу 16 километри северно од границата со Мексико, пренесува Си-Ен-Ен.

Несреќата се случила кога возило удрило во камион кој возел на север по државната рута 115 во Империјал Каунти во Калифорнија, соопшти полицијата.

Официјален претставник на противпожарната служба во округот Империјал за Лос Анџелес Тајмс изјавил дека добиле повик за сообраќајна несреќа со повеќе смртни случаи, во која учествувале возило со приколка и патничко возило.

Четири лица биле пренесени со хеликоптер во регионалниот медицински центар во Палм Спрингс, изјавил за новинарите портпаролот на болницата.

притисни ентер