Езерото Треска сепак ќе преживее

Езерото Треска сепак ќе преживее...Градоначалникот Шилегов вели дека планот е ревитализација на просторот, а езерото ќе добиело и пречистителна станица...

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во предизборната кампања во 2017 година, вели дека не кажал дека комплексот Треска ќе се врати во градски раце, бидејќи не постоела формална моќ за таква постапка, туку дека ќе влезат во реализација на враќање на комплексот треска преку јавно-приватно партнерство. Според него, езерото не се уништува, туку се ревитализира просторот околу него, а езерото ќе добиело и пречистителна станица...

,,Вториот дел од планот кој што се уште не е донесен подразбира и изработка на една мала пречистителна станица, за да водите кои што ќе влегуваат во езерото бидат еколошки исправни и езерото да се стави во употреба.

И покрај нетранспарентноста на О.Сарај сепак во јавноста протекоа информации што содржи ДУП - от. Тој е поделен во четири блока, во нив ќе има простор за спорт и рекреација, а ќе се изградат и објекти за сместување, потврди градоначалникот Шилегов, кој побара од својот колега Блерим Беџети да биде потранспарентен во своите постапки. Општина Сарај на поголем отпор наиде на камперите во комплексот на кои им остана уште околу еден месец од ултиматумот за да ги дислоцираат приколките по мирен пат. Шилегов пак смета дека има место за сите.

Треба да се работи со граѓаните, треба на граѓаните да им се презентира пред било што да биде започнато, за да не дојде до такви збрки и моето лично мислење е дека сопствениците на приколки кој што таму се можеби повеќе децении, во целиот тој концепт може да се најде доволно простор да им се излезе во пресрет да дел од нив останат во рамки на тој простор...

И денеска општина Сарај не се одважи да сподели подетални информации околу тоа што се ќе никне околу езерото. Тие пред неколку недели најавија и јавна расправа, но истата се уште се чека, како што се чека и дали ќе помине барањето до влада за центарот да се пренамени во слободна туристичка зона.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер