Европскиот суд за човекови права со позитивна пресуда во случајот со Митровска

По долга и исцрпна потрага по своите родители водејќи битка преку сите судови и институциите во земјава, 46 годишната Мирјана Митровска правдата замина да ја бара пред европскиот суд за човекови права кој пресуди во нејзина корист. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

На седницата е предвидено членовите да постапуваат и по конкретни предмети. 

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска ќе ја одржи 16-та седница на која на дневен ред се годишните извештаи за работата на Комисијата за 2024 година, како и за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за истиот период.

На седницата е предвидено членовите да постапуваат и по конкретни предмети.

Видео: Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дрека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер.

Видео: Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар

Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

Зградите се треселе, поради што многу луѓе биле евакуирани од нив, а една зграда во изградба била целосно урната.

Бангкок има 17 милиони жители, од кои многу живеат во високи згради.

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

Француското обвинителство вчера побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за незаконско финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи.

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.

Обвинителот Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како „корупција од висок интензитет“.

Де Ла Туан рече дека Саркози склучил „фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години“.

Обвинителите побараа и петгодишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии.

Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин.

„Ќе продолжам да се борам сантиметар по сантиметар за вистината и да верувам во мудроста на судот“, објави Саркози на Фејсбук, додавајќи дека случајот е политички мотивиран.

притисни ентер