Европскиот суд за човекови права со позитивна пресуда во случајот со Митровска - Канал 5

Европскиот суд за човекови права со позитивна пресуда во случајот со Митровска

По долга и исцрпна потрага по своите родители водејќи битка преку сите судови  и институциите во земјава, 46 годишната Мирјана Митровска правдата замина да ја бара пред европскиот суд за човекови права кој пресуди во нејзина корист. 

Европскиот суд за човекови права со позитивна пресуда во случајот со Митровска

Мотивот на Митровска која била посвоена на нејзини три години да си ги најде родителите е да ја дознае нивната медицинска историја, велат нејзините адвокати, но законот за семејства, завршените посвојувања ги категоризира како тајна, а таа поради стресната потрага по вистината преживеала и мозочен удар. Адвокатите на Митровска од Млади правници велат дека таа нема да може веднаш да дојде до бараните информации, туку ќе треба да чека промена на законот што оваа пресуда ќе ја иницира...

-По добивањето на ваквата пресуда сметаме дека обврските кои што ги има нашата држава се имплементирани на ваквата пресуда, тука се вклучува и комитетот на министри кој што треба да го следи извршувањето на ваква пресуда и треба да се направи еден акционен план кој што ќе следи во нареден период во однос на тоа како оваа пресуда ќе биде имплементирана кај нас. Тоа значи дека ќе треба нашата држава конкретно да преземе сет на мерки за да превенира слични или идни вакви постапки во иднина каде нема да има повреда на членот 8, а со тоа ќе треба да се промени и законот за семејство,- -Александра Цветановска – Млади правници.

Ќе ја отвори ли нејзината битка вратата кон вистината и за останатите посвоеници во Македонија? Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски за Канал 5 вели дека постоело расположение за измена на законот за семејство и во минатото, но се сведувало само на дебати. Сега, по ваквата пресуда од Стразбур се надева дека конечно ќе се изготви соодветен закон во корист на граѓаните...

-Пресудата доаѓа од една институција која што е многу достојна и верувам дека тоа што е пресудено е во корист на граѓанката од Македонија. Ова прашање некако низ годините се провлекува, секогаш било дебата условно кажано отворена да ги познаваат или да не ги познаваат своите биолошки родители. Започнат е еден таков процес меѓутоа во само првична форма, буквално како известување, како сознание, а не и повеќе, така да еве можност стручните лица да дадат мислење и за нешто повеќе да се отвори по однос на ова, како закон,- – Ѓоко Велковски – Министер за труд и социјална политика.

Според Цветановска, сега треба да бидат преземени мерки за измени на законот за семејство како конкретна активност и нашата држава да регулира на кој начин и во кои услови посвоениците и за кои потреби ќе можат да дојдат до податоци за биолошките родители..

YouTube video

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

„Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите.“

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја.

Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и за досегашните иницијативи и планирани активности за зајакнување на националната и културната самобитност.

Претседателката вети дека матичната држава ќе продолжи да вложува напори за да ги подобри нивните права и да ги зацврсти врските со татковината.

На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција - единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство што изворно може да ги чуе релевантните претставници и со нив да разговара за одлуката на албанските власти за утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства која важи и за Македонците во Албанија.

Укажувајќи дека со одлуката се утврдени критериумите коишто ќе им овозможат на сите, слободно да ги изразат националната припадност и јазикот на којшто зборуваат, таа рече дека токму припадниците на македонското национално малцинство се засегнати од оваа постапка.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата постави повеќе реторички прашања:

Кој би бил проблемот да го правите вие она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанство на пример?

Кој е проблемот вие да отворите повеќе гранични премини?

Кој е проблемот вие на пасошите на кои им е истечен рокот, да им го продолжите рокот?

Кој е проблемот вие, како држава да интервенирате во доделувањето на пасоши на луѓе коишто имаат потреба од тоа? Тоа го прават сите во нашиот регион, ама го прават и во светот.

Таа запраша и кој е проблемот да помогнете понекогаш во изучувањето на македонскиот јазик? Да отворите повеќе лекторати. Кој е проблемот онаму каде што има припадници на македонското малцинство да отворите конзулат?

Претседателката смета дека тоа не е голем проблем затоа што се работи за проблеми поврзани со идентитетот.

На прашањето дали како претседателка ќе иницира, ќе помогне во решавање на нивните барања, таа рече дека не би била таму ако не дошла со цврста намера, не само да ги сослуша, туку и да ги пренесе нивните проблеми до надлежните.

Претседателката порача дека имаме добри односи со Република Албанија, имаме разбирање, и во рамките на ова разбирање, треба да продолжиме онаму каде што некој застанал и направил грешка, кога морал да биде уште поактивен. Ние сме тука обврзани да помагаме.

притисни ентер