Европскиот парламент бара да им се гарантираат правата на Бугарите во Преспа, Голо Брдо и Гора

Во Резолуцијата на ЕП за напредокот на Албанија, европратениците инсистираат на фактот дека се „потребни напори за да се заштитат правата на малцинствата во Албанија“ и дека е потребно спроведување на законодавството во оваа област, јавува дописникот на МИА.

Во текстот на Резолуцијата притоа изричито е наведено дека ЕП бара да им се гарантираат правата на лицата од бугарска етничка припадност кои живеат во регионот на Преспа, Голо Брдо и Гора, како во текстовите така и во практиката, елемент кој е новина во резолуцииите за Албанија и кој ставен по инсистирање на бугарските европратеници.

Претходно, бугарски европратеници изјавуваа дека „во Албанија живеат 100 илјади Бугари, кои ги немаат сите права на едно признаено малцинство“. Односно, тие сакаат и успеаја да протуркаат теза дека македонското малцинство во трите посочени места е всушност бугарско.

Албанската држава во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа препознава единствено Македонци.

Европскиот парламент во однос на почитувањето на правата на малцинствата и барателите на азил ги повикаа надлежните власти на Албанија да продолжат со подобрување на климата за вклучување и толеранција за сите малцинства. Со посебен интерес во однос на Ромите и Египќаните, за подобри напори за подобрување на нивниот пристап до вработувањето, образованието, здравство, социјални станови и правна помош.

Евроратениците потсетуваат дека Албанија има постојан напредок во процесот на пристапување кон Европската унија, повикувајќи преговорите за пристапување да се отворат веднаш штом ќе биде постигнат значаен напредок во воспоставувањето и спроведувањето на судските реформи. Изразена е загриженост за борбата против корупцијата во Албанија и проблемот со борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога.
притисни ентер