Европски сојуз за промена: ДУИ се обидува да го врати Груевски во Скопје

ДУИ се уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје „без трн во ногата“, бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, им значи многу.

Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера.

Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ.

Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното“ враќање на Груевски?

ЕВРОПСКИ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНА

Богоев при посетата на Костал: Зголемување на извозот од странските директни инвестиции

Костал вработува 1.050 лица, а минатата година остварила извоз од 130 милиони евра. 

Подобрувањето на условите за водење бизнис е клучно за проширување на производствените капацитети, извоз на производи со повисока додадена вредност и нови работни места. Царинската управа е партнер на стопанството и преку дијалог со компаниите креираме мерки и политики коишто овозможуваат поголема конкурентност на компаниите. „Костал“ е странска директна инвестиција која има одобрение за крајна употреба што подразбира дека репроматеријалите што ги увезува компанијата за потребите на процесите за производство се со намалена царинска стапка или нула царинска стапка. Исто, одобрението за одобрен извозник што го има им овозможува извоз за пократок временски рок, истакна директорот Стефан Богоев при денешната посета на фабриката за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“.

Богоев заедно со директорот на Костал, Виктор Мизо, разговараа за активностите што ги презема Царинската управа како и за новите проекти коишто се реализираат со поддршка на Светска банка и ЕУ, меѓу коишто и Националниот едношалтерски систем.

„Задоволни сме што странските инвеститори препознаа во нас доверлив партнер, при што и јавно преку анкета не наведоа како орган од чија работа се најмногу задоволни. Ќе продолжиме и натаму интензивно да работиме на реализација на ветените проекти во висина од 30 милиони евра чија цел е олеснување на трговијата и транспортот и сузбивање на сивата економија и организираниот криминал“, истакна Богоев.

Директорот на Костал, Виктор Мизо кој воедно е и претседател на Советот на странски инвеститори истакна дека анализата за бизнис инвестицискиот индикатор на Советот на странски инвеститори за 2023 година, покажува дека Царинската управа е најдобра од сите државни институции, којашто секогаш има поддршка, отворена дискусија и транспарентност. Мизо информира дека на средбата од нивна страна е предложено за можна времена мерка за дополнителна хармонизација на царинските стапки за увоз на производи од трети земји, што во нивниот случаи тоа е најчесто Азија, a што ќе доведе до зголемување на конкурентноста.

Во рамки на посетата на компанијата „Костал“ воедно и беше врачен сертификат од Светската царинска организација за успешна соработка со Царинската управа, се наведува во соопштението.

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство за да се стави крај на немилите настани како оној од Кавадарци каде деветоодделенци споделуваа меѓу себе приватни слики на свои соученички.

Построго спроведување на законите и сериозна едукација на учениците против родово насилство за да се стави крај на немилите настани како оној од Кавадарци каде деветоодделенци споделуваа меѓу себе приватни слики на свои соученички – реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Велат родовото насилство преку ИНТЕРНЕТ просторот зема се поголем замав и директно се прелева во реалноста, а слабата системска поддршка и помош во земјава, како и злоупотребата на фотографии, видеа и податоци може да направи ненадоместлива штета врз децата.

-Особено апелираме за поефикасно и едноставно поефективни мерки за институционална и законска правна заштита, постојат во законите и во кривичниот законик, како може и треба да се пристапи кон поефикасно наоѓање и казнување на сторителите што може да влијае и на превенција и на охрабрување на жртвите да пријавуваат. Злоупотревата на личното и интимното во дигиталниот простор станува се поизразено, потребно е и апелираме за правилно информирање за различните видови на дигитално базирано родово насилство,- – Марта Стефковска – Платформа за родова еднаквост.

Онлајн вознемирувањето носи физички и психички последици на оноие кои преживеале насилство, како страв, вознемиреност и несигурнст, но и не можност да се излезе од кругот на насилство, укажуваат од платформата... Велат тоа насилство влијае и на секојдневото функционирање на една индивидуа и сериозно може да го наруши нормалниот тек на животот..

По последниот лучај во Кавадарци со монтираните експлицитни фотографии на соученички за кој и ојо отвори истрага, целта на деветоодделенците била да ги навредуваат, исмеваат и да нанесат штета на угледот на нивните соученички, кажаа од обвинителстцвото.

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжувањето на пасошите

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ .

Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем.

Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта.

СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори.

Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер