Европската Комисија критикуваше шест свои членки поради затворање на границите

Европската комисија предупреди шест земји-членки за нивните мерки со кои се ограничува слободата на патување во обид да се борат против пандемијата на коронавирус, нарекувајќи ги дискриминаторски и непропорционални на епидемиолошката состојба.

Ова го изјави денеска портпаролот на Комисијата, Кристијан Виган.

"Ја нагласивме потребата ограничувањата на патувањата да не бидат дискриминирачки и непропорционални. Бараме од земјите да ги усогласат своите мерки со заеднички усвоените препораки за слобода на движење", рече Виганд. Писма биле испратени до Белгија, Германија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска.

Овие земји имаат рок од десет дена да одговорат на Комисијата, што не ја исклучува можноста за преземање правни активности.

Белгија вовела забрана за сите неважни патувања. Германија забрани влез од Чешка, Словачка и австриската сојузна држава Тирол, поради опасност од ширење на заразните варијанти на вирусот.

„Само Вистина" со Никола Пановски и Драган Даниловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Никола Пановски и Драган Даниловски. 

ПАНОВСКИ: Рестриктивните мерки се логични и потребни, иако се невозможни и поради економијата и самите граѓани. За овој мутиран сој на Ковид-19 потребно е и повеќе од 2м дистанца.

ПАНОВСКИ: Можевме да се „шлепаме“ бар со Србија или со останатите земји од Балканот да набавевме заедно, а не да останеме без вакцини. Имавме понуди и од Русија и од Кина, му веруваме на западот, а никој не е излажан како нас.

ДАНИЛОВСКИ: Тие што го прележале вирусот не е веројатно дека нема да стекнат инфекција, но може да поминат со полесни симптоми и да ја шират кон тие што не биле заразени до сега.

ПАНОВСКИ: Апел до автомобилите да возат со отворени прозори, вработените во колективите често да проветруваат.

ДАНИЛОВСКИ: Вакцината е единственото решение за прекин на ширењето на пандемијата.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Во Унгарија бил пронајден коронавирусот во отпадните води

Унгарија  ја прилагодува својата програма за вакцинација, со тоа што да даде што е можно повеќе први дози пред брзото ширење на коронавирусот, соопштиле денеска тамошните власти.

Објавувајќи ја промената, највисокиот унгарски здравствен претставник, Сесилија Мулер вели дека очекува ширењето на коронавирусот да се забрза во следните недели, така што Унгарија ќе ги закажува вакцинациите поинаку, продолжувајќи го периодот помеѓу земањето на двете дози.

„Податоците покажуваат експоненцијално зголемување на инфекцијата“, рече таа на прес-конференција. „Следните недели ќе бидат многу тешки“, додаде таа.

Унгарија, земја со 10 милиони жители, има преку 15.000 смртни случаи од коронавирус,пренесува Ројтерс. Од почетокот на пандемијата, во Унгарија имало 433 000 заразени лица.

Унгарија е прва членка на Европската унија што ги одобрила вакцините од Русија и Кина, што западните сојузници не го гледаат со одобрување, но исто така придонесува за побрза вакцинација бидејќи се примаат вакцини од пет производители.

Унгарија исто така ги зголемила нарачките од западните производители - од првичните 6,5 милиони дози, земјата на крајот ќе добие 10,87 милиони дози вакцини од BioNTech, рече Мулер.

Будимпешта исто така се согласила да ги набави вакцините на Модерна и АстраЗенека и очекува да го стори истото со Џонсон и Џонсон кога ќе станат достапни во ЕУ, рече таа.

Новиот пристап значи дека вакцината на AstraZenecа ќе се дава втор пат по 12 недели, а на Pfizer по 35 дена.

Властите во Унгарија откриле зголемено количество коронавирус во отпадните води низ целата земја, особено во Будимпешта, што овозможува враќање на рестриктивните мерки, предупредува Мулер.

Полицаец, син на бившиот поглавар на ИВЗ, ранет во Ѓорче Петров- двајца приведени

Повредниот полицаец во пукањето во Ѓорче Петров е во добра состојба, со лесна повреда на бутниот мускул, информираа за Канал 5 од болницата 8 Септември...

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил попладнево околу 16,40 часот во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, кога лице од возило „Голф“, пукало кон возило „Мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З. Р... Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Кој и зошто пукал во неговото возило, МВР се уште истражува..

Инаку З.Р. лани имаше проблеми со внатрешната контрола во МВР, откако се вклучил во живо на „Фејсбук“ и по завршување на работните задачи се снимал како шета по улица за време на полициски час... МВР тогаш најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.

Полицијата вечерва за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат утре..

притисни ентер