Европа ќе ги помине Велигденските празници во карантин, црковните служби зад затворени врати

Додека Европа  е делумно во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а жителите , особено оние кои се погодени, се подготвуваат да ги поминат велигденските празници дома.

Засилени контроли, затворени аеродроми, верски служби зад затворени врати. Во сите земји, овие мерки и препораки се исполнети со цел да се ограничи движењето и традиционално бројните собири.

Сите португалски аеродроми се затворени од 9 до 13 април.

За време на овој продолжен Велигденски викенд, жителите нема да можат да го напуштат местото на живеење, освен да одат на работа во секторите каде што се уште е дозволено за време на вонредната состојба, што е продолжена до 17 април.

„Велигденскиот период е особено критичен период за време на кој е апсолутно е важно да се ограничи движењето “, рече премиерот на Португалија ,Антонио Коста.

Со 200 смртни случаи, Португалија во моментов е помалку погодена од пандемијата на коронавирус отколку Шпанија.

На Французите им е дозволено само да го напуштат домот за да одат на работа, на лекар или да вежбаат. Патувањата се исклучени.

Од петок, повеќе од 160.000 полицајци и жандарми се мобилизирани за зајакнување на контролите и спроведување на мерките за изолација.

„Ние сме крајно строги, нема да може да се патува“, предупреди началникот на париската полиција Дидиер Лалемент на контролниот пункт на влезот во Париз.

Бидејќи забраната е воведена на 17 март, веќе имало 406.000 прекршоци.

Железницата е значително намалена. Само 42 супербрзи возови (ТЖВ) работат дневно наместо вообичаените 700, а аеродромот Орли во Париз е затворен од 31 март.

Во Италија, пандемијата најтешко ја погоди земјата со скоро 14.000 смртни случаи, забраната за движење трае до 13 април.

Иако премиерот Џузепе Конте рече дека му е жал за расипување на велигденските празници,каде има мнозинството католици, тој ги повика строго да се придржуваат кон упатствата.

Во Шпанија, подеднакво религиозна и исто така сериозно погодена од пандемијата (11.000 смртни случаи), традиционалната Света недела (5-12 април), синоним за празниците, ќе биде малку поразлична оваа година.

„Сите прифативме дека оваа Света недела нема да одиме на одмор, ќе останеме дома и ќе вложиме дополнителни напори во корист на сите“, рече министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

„Овие се клучни недели“, додаде тој.

Службеникот нза цивилната гарда, Хозе Мануел Сантијаго беше уште појасен, потсетувајќи дека не е дозволено да се оди до друго место , освен местото на живеење и дека контролите на сите патишта ќе бидат зајакнати во текот на велигденскиот викенд.

Во изолација од 23 март, на Грците нема да им биде дозволено да одат на прослава за Велигден, како што прават секоја година.

За да ги охрабри да останат дома, Грчката православна црква објави дека верските служби ќе се одржуваат зад затворени врати и ќе бидат емитувани на телевизија.

Владиниот портпарол Стелиос Петсас денеска предупреди дека патарините на автопатите може да се затворат во последен момент доколку биде потребно.

„Забрането е патување помеѓу урбаните области и селата“, рече тој за ТВ Скај.

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

притисни ентер