ЕВБ: Зеленото светло за Скопје и Тирана – голем чекор за регионот и притисок за останатите кандидати за членство

Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да даде зелено светло за почеток на преговорите за членство со Македонија и Албанија, што денеска треба да ја потврдат и лидерите на ЕУ, се покажа како „четврата среќа" за двете земји.

Откако беше потпишан Преспанскиот договор во јуни 2018 година, постоеја очекувања дека барем Македонија ќе добие позитивната одлука за старт на преговорите за членство со ЕУ на состанокот на Европскиот совет што се одржа неколку недели подоцна. Но, одлуката беше одложена за во јуни 2019 година, а потоа и за октомври 2019 година, кога повторно не беше донесено решение, туку беше предложено изработка на нова методологија за преговори и беше одлучено да се почекаат ажурираните извештаи на Еврокомисијата за двете земји. Конечно, во четвртиот обид Советот даде зелено светло за преговори, наведува ЕВБ.

Професорот по историја и политика на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер во изјава за порталот оценува дека ваквата одлука претставува многу позитивен сигнал не само за овие две држави.

– Прво, таа испраќа порака дека процесот на проширување продолжува и дека и покрај сите проблеми, дури и во скептичните земји има доволно поддршка за продолжување на овој процес. Дури и земји како Франција и Холандија се согласија на овој процес. Второ, таа ги потенцира заслугите, бидејќи и двете држави спроведоа тешки реформи во последните години. На тој начин е спасен кредибилитетот на процесот, потенцира Бибер, кој е и координатор за Балканот во Советодавната група за европска политика (БиЕПАГ).

Според него, ваквата одлука претставува придобивка и за двете земји кандидати – Црна Гора и Србија, кои предничат во преговарачкиот процес, бидејќи сега добиваат поголема конкуренција, што би требало да го зголеми притисокот врз нив за да испорачаат резултати.

Бибер верува дека иако има уште многу да се направи и во Македонија и во Албанија, сепак, оваа одлука ги наградува реформите и ги поттикнува да продолжат со нив.

Според него, ваквата оценка се потврува и со ставот на Европската комисија дека Албанија ќе мора да покаже дополнителен напредок во областа на изборното законодавство и во судството пред одржувањето на прва меѓувладина конференција меѓу Брисел и Тирана, барање што го упати германскиот Парламент уште лани во септември.

– Покрај тоа, на домашната политичка сцена, ваквата одлука претставува поттик за оние политичари кои промовираат сериозни реформи, наведува Бибер, додавајќи дека во случајот со изборите во земјата тоа би требало да биде во полза на актуелната Влада, но дека на изборните разултати ќе влијае и генералниот развој на кризата со Ковид-19 и справувањето со неа.

ЕВБ оценува дека одлуката за старт на преговорите е особено важна бидејќи е донесена во вонредни околности, кога ЕУ е преокупирана како да се справи со ширењето на коронавирусот и со последиците од пандмијата врз економијата.

Постариот политички аналитичар на Институтот „Отворено општество" во Брисел и член на БиЕПАГ, Срѓан Цвијиќ за ЕВБ оценува дека пандемијата на Ковид-19 можеби го олеснала донесувањето на одлуката за старт на преговорите.

– Сметам дека појавата на пандемијата на Ковид-19 во Европа го одвлече целото внимание од други теми, што го олесни донесувањето на некои одлуки, кои можеби би биле политички штетни за лидерите на земјите членки, вели Цвијиќ.

Тој, слично како и Бибер, смета дека отпочнувањето на преговорите со земјава и со Албанија ќе влијае и врз Србија и Црна Гора.

– Стартот на преговорите со Албанија и Македонија треба да дејствува како катализатор што ќе ги поттикне земјите кои се понапред во процесот, Србија и Црна Гора, да работат сериозно и посветено во исполнувањето на критериумите. Во двете земји, последниве години имаме демократско назадување, процес спротивен на оној што е неопходен за нивно приближување кон членство во ЕУ. Треба да видиме пресудна промена во Србија и Црна Гора и во тоа може да помогне позитивниот притисок од Македонија и Албанија, смета Цвијиќ.

Во однос на почетокот на преговирте, Цвијиќ оценува дека со оглед на целокупната состојба во Европа поврзана со пандемијата тешко е да се предвиди кога ќе се одржат првите меѓувладини конференции, но очекува дека таа за земјава би можела да се одржи „некаде во септември или октомври годинава".

ЕВБ заклучува дека независно од тоа кога ќе се одржат првите меѓувладини конференции, не може да се негира дека одлуката за старт на преговарачкиот процес со Mакедонија и Албанија е најважниот чекор напред на патот на интеграција на Западниот Балкан во последниве години, иако за тоа какво ќе биде темпото на натамошниот преговарачки процес останува да се види дури по завршувањето на пандемијата со Ковид-19. /MИА

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер