Според анализата, само 47 отсто од граѓаните на Скопје се задоволни од јавниот превоз. Понезадоволни се граѓаните на Рим, Тирана, Подгорица, Белград и Никозија.
Доцнењето на автобусите низ Скопје, но и укинувањето на дел од линиите со помалите градови се дел од причините зошто граѓаните сметаат дека јавниот превоз во земјава е на многу ниско ниво
Освен критики за доцнењето на автобусите, жителите на нашата метропола не се задоволни ни од безбедноста на јавниот транспорт.
Само 62 отсто од нив сметаат дека превозот е безбеден, што го позицонира Скопје повторно на дното на листата од Извештајот на ЕК.
Инаку, Извештајот покажува дека седум од 10 жители во Европа, се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град. Таква е состојбата во европските метрополи - Виена, Хелсинки, Осло, Прага и Лускембург, чии граѓани изразиле најголемо задоволство од превозот.