ЕУ со помош за најпогодените од пожарите во Македонија

Европската унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во  Македонија кон крајот на јули.

Овие средства од ЕУ се поддржани и од националниот црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи. Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарни средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина..

Марковски: Фирмите ќе имаат најголем бенефит од законските измени

Фирмите ќе имаат најголем бенефит од измените во Законот за облигациони односи, со кои каматите нема да може да бидат повисоки од главниот долг, велат извршителите.

Договорната камата на која се однесуваат измените во Законот е онаа која ја договараат фирмите помеѓу себе, вели за Канал 5 претседателот на комората на извршители Ванчо Марковски, додека во сметките за комуналии, кои најмногу ги засегаат граѓаните, таква камата нема. Марковски објаснува дека штом неплатениот долг кој го имаат граѓаните стигне кај извршител, тогаш почнува да тече казнената камата, која не е опфатена во измените. Сепак Марковски тврди дека казнената камата е далеку помала од договорната.

„Оваа одредба нема да има големо влијание врз извршување, во извршни истраги кои се предмет на наша работа, во најголем број случаи, законската казнена камата е утврдена пред нотар или суд./ Сите тие сметки кои не се доброволно платени од граѓани, за да дојдат кај нас, поминуваат низ судска постапка, и таму доверители за ненавремено плаќање бараат законска казнена камата.“ изјави Ванчо Марковски, претседател на КИРМ

Премиерот Заев, пак најави дека во процедура е законско решение со кое ќе се стави крај на пресметувањето на затезните камати.

„Ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата и да продолжат да сметаат затезни камати, тоа е проблем или виртуозен круг во кој се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банки или фирми. Дефинитивно тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога после 10 години не успеале да наплатат. “ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Минатата недела Собранието ги донесе измените според кои „...кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече...“ Измените ќе важат од 1ви октомври.

Аналитичари за лидерскиот дуел Заев и Мицкоски вечерва на Канал 5 во „Дуел за иднината“

Вечерва на Канал 5 во новата сезона на „Само вистина“ следува лидерскиот дуел Заев- Мицкоски.

Што може да се очекува од овој дуел, на кои теми би можела да се очекува најжестока дебата и како тој би се одразил на нивните рејтинзи?

Анализа на овие прашања од Владимир Божиновски и Петар Арсовски.

Брима: СДСМ победник на локалните избори со 19,5%, ВМРО-ДПМНЕ со 17,5%

На неполн месец до одржувањето на локалните избори, СДСМ бележи предност од 2 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата која  „Брима“ ја направила за „Слободен печат“.

На прашањето „За кој кандидат на политичка партија би гласале на претстојните локални избори?“,19,8% од испитаниците СЕ ИЗЈАСНИЛЕ за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица. 2,4% ОД ИСПИТАНИЦИТЕ се изјаснИЛЕ дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат.

Според анкетата на „Брима“најпопуларен политичар е премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој ужива доверба од 11, 8 отсто од граѓаните, ПРЕД претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО има поддршка од 7 проценти. Трката е нешто потесна меѓу албанските политичари. Партнерите од власта Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% водат , пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Што се однесува до рангирањето на главните проблеми кои ги мачат граѓаните, за 31,5% од анкетираните невработеноста е најголем проблем; состојбата со пандемијата е втора по важност со 26%, по што следуваат економската ситуација (23,8%) како и сиромаштијата и нискиот животен стандард (22%).

На прашањето „Генерално земено, дали мислите дека работите во нашата земја се движат во правилна или погрешна насока?“, близу две третини од испитаниците (62%) сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, додека за една третина (31.5%) насоката на движење е правилна. Останатите немале став или не сакале да го кажат.

Теренското истражување на „Брима“ е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

притисни ентер