ЕУ со помош за најпогодените од пожарите во Македонија

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.

Овие средства од ЕУ се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.

Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарни средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, ќе продолжи поддршката за противпожарните тимови што дејствуваат на терен.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).

Од 30 јули оваа година, нашата држава беше погодена од топлотен бран што резултираше со големи пожари во неколку региони во земјата. Тие доведоа до опустошување на шуми, плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Бројни куќи, како и други објекти изгореа и беа оштетени во многу села./МИА

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

ДПИ: Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

 Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од ДПИ потсетуваат дека овие денови се неработни согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година.

- За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите, се вели во соопштението од ДПИ. /МИА

Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија

Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни.

Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите.

Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“.

Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста.

Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади. /МИА

притисни ентер