ЕУ подготвува ограничувања на прикажувањето на британски филмови и емисии

ЕУ се подготвува да направи потези против непропорционалното количество британска телевизиска и филмска содржина што се прикажува во Европа по Брегзит.

Тоа ќе биде силен удар врз британската забавна индустрија и ширењето на влијанието на Велика Британија.

Обединетото Кралство е најголем европски производител на филмски и ТВ програми, со 1,4 милијарди фунти што ги добиваат од продажба на меѓународни права. Сепак, британската доминација е опишана како закана за европската културна разновидност во внатрешниот документ на ЕУ ставен на располагање на „Гардијан“.

Ова прашање најверојатно ќе стане уште еден камен на сопнување во напнатите односи по Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија.

Брисел сега сака да ја смени дефиницијата за британските програми и филм како европски дела.

Според директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги, европската содржина на копнените ТВ-канали мора да претставува најголем дел од програмите, додека на платформите, како што се „Нетфликс“ и „Амазон“, таа мора да сочинува најмалку 30% од достапните наслови.

Земјите како Франција отидоа чекор подалеку, поставувајќи квота од 60% за европски дела на платформите и бараат 15% од прометот на платформите да се троши за производство на европски аудиовизуелни и кинематографски дела.

Според документот на ЕУ доставен до дипломатите на 8 јуни, се верува дека вклучувањето британска содржина во такви квоти по Брегзит доведе до, како што е опишано, непропорционално количество британска програма на европските телевизии.

Европската комисија има за задача да започне студија за влијанието на британската содржина врз културната разновидност на ЕУ. Дипломатски извори тврдат дека ова би бил првиот чекор кон ограничување на содржините од Велика Британија.

Податоците од ТВ и филмската индустрија покажуваат дека дефинирањето британска содржина на кој било друг начин освен како европска содржина би довело до губење на уделот на пазарот, што особено би ја погодило британската драма. Предпродажбата на меѓународните права на серии како „Даунтон Аби“ и „Круна“ честопати беше клучна за воопшто да се започне нивното снимање.

Адам Минс, извршен директор на Здружението на трговски радиодифузери (КОБА), рече: „Продажбата на меѓународни права на интелектуална сопственост на британски програми стана клучен дел од финансирањето на производството во одредени жанрови, како што е драмата. Со тоа се губи пристапот до значителен дел на секторот на пазарот на ЕУ, низ целиот синџир на вредности, од производители до радиодифузери и креативци “.

Продажбата на меѓународните права на европските канали и платформи и донесе заработка на британската ТВ и филмска индустрија од 490 милиони фунти во 2019 и 2020 година.

Извори од ЕУ сугерираат дека иницијативата ќе продолжи кога Франција ќе го преземе претседателството со Унијата во јануари, со поддршка на Шпанија, Грција, Италија и Австрија.

„Велика Британија е горда што има светска филмска и ТВ-индустрија, која ги забавува гледачите на глобално ниво и е поддржана од владата во текот на целата пандемија“, рече портпаролот на владата на Обединетото Кралство.

„Статусот на европски дела продолжува да важи за аудиовизуелните дела со потекло од Велика Британија бидејќи Велика Британија е членка на Европската конвенција на Советот на Европа за прекугранична телевизија (ЕКТТ)“, рече тој.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер