ЕУ од утре ги отвора границите за 15 држави, Македонија не е на листата

Корона бројките пресудија, засега земјите од Европската Унија не ја креваат рампата за македонските граѓани. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Затвореник во КПУ Идризово позитивен на Ковид – 19

Во затворот во Идризово регостриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 .

Во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3. Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица, на возраст 64, 73 и 80 години. Во ГОБ „8 Септември" починати се девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3208, активни 2010

• Куманово 769, активни 219

• Дебар 102, активни 50

• Штип 355, активни 161

• Прилеп 269, активни 43

• Тетово 723, активни 389

• Струга 242, активни 145

• Велес 189, активни 42

• Битола 54, активни 20

• Охрид 180, активни 151

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 129, активни 70

• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 16, активни 10

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4,

• Крушево 7, активни 4

• Кочани 73, активни 21

• Пробиштип 20, активни 11

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 5, активни 3

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 3, активни 1

• Валандово 7, активни 3

• Виница 3,

• Делчево 1,

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 36, активни 32

• Кичево 38, активни 32

• Ресен 111, активни 97

• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1.001, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Клиника „Жан Митрев" -138, Судска медицина-6, Систина со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола – 29. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се седум нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти од кои на респираторна машина се осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 422

• Аеродром – 154

• Бутел – 162

• Гази Баба – 177

• Центар – 141

• Карпош – 160

• Сарај – 155

• Кисела Вода – 114

• Ѓорче Петров – 110

• Студеничани – 110

• Шуто Оризари – 88

• Арачиново – 51

• Илинден – 32

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 20

• Сопиште – 13

• Зелениково-4

• Странец – 2.

Најголем дневен број на заразени во Словенија од средината на април

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани за коронавирус 1.198 лица, а потврдени се 21 нови случаи, осум повеќе од претходниот ден, потврди денеска словенечката влада.

Ова е најголем број нови дневни инфекции од 16 април, кога имало 36 позитивни тестови.

Во моментов, 9 пациенти се хоспитализирани во Словенија за ковид-19, што е за еден повеќе од претходниот ден, но на ниту еден од нив не им треба интензивно лекување.

Вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата со најновите податоци е зголемен на 1634 , додека бројот на смртни случаи кај заразените сè уште останува на 111 бидејќи нема нови смртни случаи кај заразените.

Бројот на активни заразени на 100,000 жители во Словенија во моментов е 5,9, а критериум на словенечките епидемиолози за епидемиолошки безбедна земја е дека нема десет нови инфекции на 100 илјади жители во период од 14 дена. Ова е причината зошто сегашниот тренд на зголемување на бројот на дневни инфекции е опасен затоа што, доколку продолжи, Словенија би можела да го премине прагот на пропишаната епидемиолошка безбедност за помалку од две недели, јавуваат словенечките медиуми.

Словенечките медиуми ги цитираат зборовите на министерот за здравство Томаш Гантар за време на вчерашната средба со директорите на болниците, дека зголемувањето на нови инфекции во последно време загрижува и дека бројот на нови инфекции двојно се зголемува на секои шест дена.

Медиумите наведуваат дека медицинските експерти проценуваат дека повторно треба да се прогласи епидемија во Словенија доколку бројот на нови инфекции се зголеми над 30 на ден, но дека нема да има ново „затварање“ на економијата и социјалниот живот затоа што животот мора да продолжи и во новата нормалност.

Следната недела, словенечкиот парламент ќе донесе нов пакет мерки на агендата за есента, со претпоставка дека ќе има втор бран на епидемија.

Специјалистот за заразни болести Бојана Беовиќ, кој го води владиниот експертски тим за коронарна криза, изјави денеска дека е загрижена што меѓу новозаразените, со претходно познатиот проблем на увезени случаи од странство, имало многу случаи на локален пренос, односно инфекција чиј извор не е целосно јасен.

притисни ентер