ЕУ од утре ги отвора границите за 15 држави , Македонија не е на листата

Советот на ЕУ официјално препорача укинување на ограничувањата за патувања за 15 држави од утре, 1 јули.

Ова се државите: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Што се однесува до Кина, на нивните државјани ќе им биде дозволено да патуваат во ЕУ само ако на граѓаните на ЕУ им биде дозволено да патуваат во Кина.

На конечниот список на земји за кои ќе се отворат европските граници не ги вклучува Бразил, САД и Русија.

Во соопштението се вели дека одлуката е донесена врз основа на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 14 дена.

Лицата кои живеат во Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан во овој случај се третираат како жители на Европската унија. Препораките треба да се спроведат во сите земји-членки на ЕУ, како и оние што се дел од Шенген-зоната и надвор од ЕУ: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Списокот ќе се ревидира и ажурира на секои две недели според развојот на епидемиолошката состојба. Патните ограничувања може да бидат укинати целосно или делумно или повторно да се воведат за наведените земји во согласност со промените во епидемиолошката состојба.

Препораките не се правно обврзувачки затоа што управувањето со границата е единствена одговорност на земјите-членки, но е важно затоа што земјите-членки треба да дејствуваат на координиран начин. Земја-членка на ЕУ не треба да ги укинува ограничувањата на оние кои не се на списокот пред да се донесе одлука на координиран начин, се вели во соопштението на советот.

Снимката која ја објави ќерката на Балашевиќ го расплака Балканот

„Најмногу го сакам татко како тато“, вели малечката Лола на снимката.

Лола Балашевиќ, најстарата ќерка на Ѓорѓе Балашевиќ, е неутешна по татковата смрт и на Инстаграм со своите следбеници сподели снимка со сестрата и родителите која настанала на крајот од осумдесеттите или на почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

На снимката се Ѓорѓе, Оливера, Беба и Лола, а двете девојчиња зборуваат за љубовта кон својот татко и она што сакаат да бидат кога ќе пораснат.

„Најмногу го сакам татко како тато“, вели малечката Лола на снимката, а истата реченица ја сподели и во описот на видеото.

Стотиците нејзини следбеници не ги допре толку снимката колку плачењето и издишувањето на Лола Балашевиќ кои се слушаат во позадина.

Многумина и напишаа дека плачат додека ја гледаат снимката.

Снимката на Инстаграм е прегледана повеќе од 50 илјади пати.

Електричен автомобил кој чини само 4.500 долари

Бројот на продадени примероци од евтиниот кинески електричен автомобил со вена од 4.500 долари, го надмина бројот на продадени Тесла автомобили во Кина.

Овој многу компактен автомобил се покажа како вистински хит и на кинескиот автомобилски произведувач „SAIC“ му донесе голем приход.

„Hong Guang Mini EV“ со значката на „Wuling“ во Кина, се произведува во соработка со американскиот произведувач на автомобили „General Motors“.

Само во минатиот месев бројот на продадени автомобили од овој тип е двојно поголем во споредба, со бројот на продадени Тесла автомобили.

Иако најпопуларен е моделот кој чини 4.500 долари, со доплата од околу 500 долари може да се добие модел кој има вграден клима уред.

Според експертите, иако заостанува зад Тесла во смисла на квалитетот ,големината и дометот затоа што со едно полнење поминува само 160 километри (сосема доволно за во град), малиот електричен автомобил тоа го надополнува на полето на цената и компактноста.

Малиот автомобил може да се паркира било каде и е практичен за големите и пренатрупани кинески градови.

Малиот електромобил се продал во 25.778 примероци само во јануари, додека Тесла, за споредба, продала 13.843 автомобили.

Иако е голема разликата во бројот на продадени автомобили, продажбата на електромобили од повисока класа е во пораст во Кина, каде компанијата Тесла само во минатата година ја зголемила продажбата за двојно.

Италија ги заострува мерките заради новите видови корона

Италијанската влада денес ги заостри рестриктивните мерки во пет од 20 региони во обид да го спречи брзото ширење на инфекцијата со коронавирус, особено на многу заразните нови варијанти.

Италија воведе систем со четири зони во зависност од раширеноста на инфекцијата (бела, жолта, портокалова и црвена), што овозможува прилагодување на рестриктивните мерки, а ситуацијата се проценува секоја недела.

За прв пат од крајот на јануари, два региона, Базиликата и Молизе, се класифицирани како црвени зони.

Тоа значи дека тие треба да ги затворат баровите и рестораните, строго да го ограничат движењето на луѓето и да затворат се, освен неопходните продавници.

Три региони се префрлени од жолто во портокалова зона, Ломбардија и Пиемонт, кои ги вклучуваат Милано, Торино, соодветно и централниот крајбрежен регион Марке.

Во овие региони, рестораните и баровите се затворени, освен за достава, на луѓето не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, освен во итни случаи, поради работа или поради здравствени причини.

Сардинија е првиот регион прогласен за бела зона и има само минимални ограничувања.

Од понеделник, два региона ќе бидат црвени, девет портокалови, осум жолти и еден бел.

Министерството за здравство во петокот предупреди дека бројот на заразени продолжува да расте. Во изминатите 24 часа имало 20.499 новозаразени, а во претходниот ден регистрирани биле 19.886 случаи.

Во последните пет дена, бројот на новозарезени се зголемил за 35 отсто во однос на истиот период минатата недела.

Италија објави 253 смртни случаи од коронавирус во петокот, а 308 ден претходно.

Со регионални ограничувања, спортските сали остануваат затворени скоро низ целата земја, а работното време на баровите и рестораните е ограничено.

Мерките скоро сигурно ќе останат на сила и по Велигден на 4 април.

Министерот за култура Дарио Франческини рече дека владата се уште размислува да за отворање на кината и театрите во жолтите зони од 27 март.

притисни ентер