ЕУ : На борците на ИД да им се суди и за воени злосторства

На поранешните борци на Исламската држава треба да им се суди не само за терористички акти, туку и за воени злосторства, сметаат европските судски власти во Хаг.

Осудите за обете точки ќе доведат до поголеми затворски казни и поголема правда за жртвите, се вели во извештајот на Европравда.

Еуроџаст е агенција составена од државни обвинители, судии и полициски претставници од земјите на ЕУ, а нејзината цел е судска соработка меѓу членовите во борбата против криминалот што ги надминува границите на една земја.

Во 20 случаи судени во пет земји, постапката што ја предложи Еуроџаст доведе до значително поголеми казни.

Многу борци на Исламска држава се обвинети во нивните татковини само за тероризам. Сепак, ваквите обвинувања имаат ограничувања, така што пресудата може да се изрече во одреден временски период, што не е случај со воени злосторства, кривично дело што не застарува .

ЕУ денеска го одбележува петтиот ден од борбата против неказнивоста за злосторства како геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а главна тема годинава е кумулативно гонење на странските терористички борци.

притисни ентер