ЕУ: Ја следиме ситуацијата, но тоа е прашање за надлежните органи

Јавниот конфликт меѓу шефицата на Обвинителстовото за гонење на организиран криминал Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми предизвикаа низа реакции и осуда од правната фела во државата.

Според адвокатот Звонко Давидовиќ повикот за помош од меѓународниот фактор на обвинителката е застрашувачки и потврдува дека постои политички притисок и тоа од извршната власт со кој Русковска, како прв човек на обвинтиелството за гонење организиран криминал, не може да се справи. Давидовиќ вели дека обвинителката има обврска доколку има докази против Муареми да формира обвинение, а не да најавува дека јавно ќе ги објави доказите против него во време на истрага.

„ Најлошото во целата ситуацијата не е тоа што трпи политички притисок за тој знаеме дека го има е во мигот е тоа што кога самата е предмет на политчки притисок а кога на самата не и одговара кога ќе дојде на ред за отстрел тогаш имаме ваква реакција на обвинтелството. Истата кажува дека јавно ќе ги објави доказите против директорот што е недозволиво истрагата е секогаш тајна покажува дека не си ја работи својата работа, затоа што ако тврди дека има докази за определен криминал за одредено лице должна е да покрене кривична постапка и да го ефектуира тоа преку формирање на обвинение што не го прави и покажува дека навистина не ја работи својата работа. “-Ѕвонко Давидовиќ - Адвокат.

Адвокатот додава дека случајот мора да има правна разврска, и вели дека расправијата меѓу шефовите на двете инстуции ќе има штетни последиици во меѓународните односи на Македонија. Дека драмата меѓу Русковска и Муареми создава дополнителен неред во државата смета и поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

„Од оваа расправа до сега јас барем не сфатив што е суштината на нивниот судир дали е отсутавото на бирократски или деловнички постпаки во делувањето што не би требало да биде проблем или нешто посериозно штои народот е збунет. Да имате вие сурдир меѓу финасовата полиција и шефица на оргнаизиран кримила па да се повиквуаата такви истнтуции тоа значи тотално тонење на самата држава крајно време е одговорните фактори во државата и тграѓанит ети есосотјби повеќе да ги осознојата и да ја презмеат судбината и оценкат аза таквата неспособност .“- Трендафил Ивановски – Поранешен претседател на Уставен суд.

На повикот на Русковска до меѓународните интитуции и амбасади за да се проверат сите факти - кој се бори против, а кој го прави криминалот во државата се огласија од Канцеларијата на ЕУ. И тие како и од амбасадата на САД, велат дека ова прашање треба да го решат надлежните органи.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер