ЕУ го осуди насилството на изборите во Белорусија

Европската Унија ги осуди насилствата на претеседателските избори во Белорусија , кога полицијата уби еден од демонстрантите , кои протестираат против изборните резултати и победата на Лукашенко.

,,Претседателските избори во Белорусија беа одбележани со непропорционално и неприфатливо државно насилство врз мирните демонстранти”, соопштија денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Јосеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи.

,,Го осудуваме насилството и повикуваме на итно ослободување на сите уапсени синоќа, соопштија Борел и Вареи во заедничката изјава, пренесе Ројтерс.

Инаку , државната изборна комисија на Белорусија објави дека Алексдандар Лукашенко по шести пат е реизбран за претседател со 80.08 проценти од гласовите. Неговиот опонент , Светлана Тихановскаја е на второ место со освоени 10,09 проценти од гласовите. Таа денеска изјави дека не ги признава резултатите од изборите и дека победила со над 70 проценти од гласовите.

Во синоќешните протести против победата на Лукашенко , кој е наречен и ,,последниот европски диктатор” , се приведени стотици демионстранти , а 110 биле повредени. Еден е убиен , кога на него налетало пчолициско комбе и го прегазило.

Ванеса Брајант го тужи шерифот поради објавените фотографии од местото на несреќата на Коби

Ванеса Брајант покрена тужба против полицискиот оддел и шерифот Алекс Вилануева за фотографиите од местото на несреќата во кој загинаа нејзиниот сопруг и нивната ќерка.

Тужбата, која се однесува на душевна болка, нарушување на приватноста и небрежност, е поднесена пред Врховниот суд во Калифорнија.

Портпарол на обвинетиот изјавил дека засега немаат коментар, пренесува Вашингтон пост.

Од друга страна, во тужбата се наведува дека „непростливите постапки на одделот на шерифот и предизвикале на г-ѓа Брајант душевна болка и траума поради загубата на Коби и Џана“.

Да потсетиме, во март беше објавено дека членовите на полицискиот оддел во Лос Анџелес се обвинети за споделување фотографии од местото на несреќата, како и дека едниот се пофалил со фотографиите. Медиумите објавија дека им било наредено да ги избришат фотографиите, но не била покрената официјална истрага.

Им било кажано дека нема да претрпат никакви последици доколку ги избришат фотографиите.

Во Франција повторно над 10.000 новозаболени

Во Франција, во изминатите 24 часа се пријавени повеќе од 10.000 нови случаи на коронавирус, шести пат за 12 дена.

Според податоците на Министерството за здравство на таа земја, во изминатите 24 часа биле регистрирани 10.008 случаи, скоро двојно повеќе отколку вчера, кога биле евидентирани 5.298 пациенти.

Ројтерс, сепак, забележува дека бројот на заразени лица пријавени во понеделник е често пати помал поради доцнењето на податоците за време на викендот, и дека во саботата бил забележан рекорден број на заразени лица, 13.498.

Во Франција досега се пријавени вкупно 468.069 случаи на коронавирус.

Земјата денеска пријави уште 78 жртви на корона, со што вкупниот број на починати достигна 31.416.

Путин со критики до САД:Укинувањето на незаконските санкции би му помогнале на светот

Рускиот претседател Владимир Путин рече на Генералното собрание на ООН дека СЗО треба да се зајакне за да го координира глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус и предложи конференција на високо ниво за соработка во развојот на вакцините.

„Предлагаме да се одржи онлајн конференција на високо ниво, која би се одржала наскоро, за земјите кои се заинтересирани да соработуваат во развојот на вакцините против коронавирус“, рече Путин.

„Ние сме подготвени да го споделиме искуството и да продолжиме да работиме со сите држави и меѓународни субјекти, вклучително и во снабдувањето на други земји со руската вакцина, што се покажа како сигурна, безбедна и ефикасна“, рече тој.

Русија беше првата земја што даде регулаторно одобрување за новата вакцина против коронавирус пред да заврши студијата, предизвикувајќи загриженост кај научниците и лекарите за безбедноста и ефективноста на руската вакцина.

Сепак, неколку земји сега размислуваат да усвојат мерки за забрзување на одобрувањето на вакцините.

Путин ги критикуваше САД, велејќи дека укинувањето на „нелегитимните санкции“ ќе му помогне на светот да се опорави од пандемијата на коронавирусот.

„Општо, ослободувањето на светската трговија од бариери, забрани, ограничувања и нелегитимни санкции би одело далеку при ревитализација на глобалниот раст и намалување на невработеноста.

Путин исто така предложи водечките сили да потпишат обврзувачки договор со кој ќе се забрани „поставување оружје, закана или употреба на сила врз вселенските објекти“.

притисни ентер