ЕУ ги посочува Груевски, Мицкоски и Неделковски како главен извор за лажни вести

Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наведен заедно со оние на водителот кој веќе нема емисија на ниту една телевизија поради многу нискиот рејтинг, Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации !

Според анализата на ЕУ а која ја пренесе Дојче Веле на македонски јазик, дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Македонија, иако по промената на власта, тие се истуркани на маргините, се наведува во студија објавена на страницата на Европскиот парламент. Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.

Во неа поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на профилите на социјалните медиуми на повеќе личности, меѓу нив, и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За разлика од повеќето земји во регионот, каде медиумскиот пејзаж е релативно стабилен веќе една деценија и повеќе, во Македонија имаше две значајни промени во структурата на нејзиниот медиумски систем, и обете имаа последици за продукцијата и ширењето на дезинформации“, се наведува во анализата.

Според студијата, првата значајна промена се случила за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и особено во последните години од тоа владеење, кога водечките медиуми биле под строга контрола на партијата и биле вмешани во „речиси сите дезинформациски активности на партијата“.

Нивната цел, се наведува во студијата, била да се дискредитираат политичките противници и да се промовираат националистички, и честопати антизападни, ставови. По промената на владата, клучните телевизии ја промениле уредувачката политика, и известувањето станало побалансирано и професионално.

„Дел од некогаш проминентните извори на дезинформации и кампањи за дискредитација и понатаму се активни, но немаат пристап до мејнстрим медиумите. Тие се сега маргинализирани и можат да се најдат само на одредени Тв канали или на сопствени ЈуТуб канали, со намален опсег“, се наведува во студијата.

Вториот фактор кој има улога во ширењето дезинформации, според студијата, е засилената инвестициска активност од Унгарија на македонскиот медиумски пазар.

Во тој дел, студијата го наведува купувањето на неколку македонски медиуми чии сопственици биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и кои претходно биле примарни извори на провладина пропаганда: ТВ Алфа, и порталите Курир и Република; од страна на унгарски државјани поврзани со тамошниот провладин медиумски пазар.

„Откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата на СДСМ, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата“, се наведува во студијата.

Анализата идентификува неколку клучни дезинформациски кампањи, како во медиумите на македонски, така и во медиумите на албански јазик. За првата, „испреплетена кампања“ за поткопување на поддршката за референдумот за промена на името, студијата како главен извор го идентификува порталот Република и, во помала мерка, рускиот портал Спутник. Понатаму се споменуваат и постојаните кампањи за наводни закани кон македонскиот идентитет, дезинформации во кои се мешаат анти-бугарски, анти-грчки, анти-албански чувства; наводи дека НАТО ќе наметне употреба на 5Г технологија со штетни последици за здравјето и јавната безбедност. Понатаму, се наведува дека „медиумите поврзани со Русија и Унгарија“ ширеле стравови од Голема Албанија уште од 2017 година по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, како и по донесувањето на законот за употреба на јазиците.

Студијата заклучува дека дезинформациските кампањи во Македонија имаат важна компонента поврзана со социјалните медиуми, но воглавно се потпираат врз традиционалните медиуми, особено врз локалните и општинските медиуми, весниците и магазините, како и на телевизијата, за нивно ширење.

Мејнстрим медиумите повеќе не се сметаат за главен извор на дезинформации, но студијата ја наведува Телевизијата ТВ21 која, „иако се смета за квалитетна телевизија, била вмешана во ширење дезинформации за Ковид-19".

„Другите големи дезинформациски канали, откриени во нашата анализа на социјалните мрежи, го вклучуваат интернет-порталот Инфомакс.мк, и профилите на социјалните мрежи поврзани со кампањата за бојкот на референдумот, како и на познати личности, меѓу кои и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, анти-западниот коментатор Миленко Неделковски и поранешниот премиер Никола Груевски“, се наведува во студијата на Европскиот парламент.

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. /МИА

притисни ентер