ЕУ е едногласна дека Македонија ги исполнува условите за преговори

Вториот ден од посетата на македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Брисел потврди дека нема сомнеж во ниту една ЕУ институција дека Македонија ги исполнува сите услови за формален почеток на преговорите. 

Македонската страна бара од Брисел засилен ангажман за да се реализира оваа цел, јави дописничката на МИА од Брисел.

По средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделникот, вчера премиерот Зоран Заев продолжи со средби со челниците на Европската Унија. Најзначајна беше онаа со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел.

Борел, кој претходниот ден изјави дека одвојувањето на Македонија и Албанија не доаѓа предвид, оваа порака повторно ја упати и по средбата со премиерот Заев.

-Северна Македонија ги исполнува потребните услови и заслужува да премине на следната етапа, изјави Борел по средбата со Заев.

Шефот на европската дипломатија потсети дека Македонија е една од двете земји кои најдолго чекаат пред вратите на ЕУ.

-Има силна поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција со Македонија што поскоро. Знаеме дека чекате одамна, можеби 16 години, и сте втората земја што најдолго чека пред вратите на проширувањето, рече високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

Борел додаде дека Македонија може да смета на поддршката на Европската Унија за изнаоѓање решение за процесот на пристапување во ЕУ, како и во борбата против пандемијата од Ковид-19. Тој ја пофали државата и за нејзиниот висок степен на усогласеност со надворешната политика на ЕУ, нешто што, рече тој, се постигна во тешки услови.

Пофални зборови вчера пристигнаа и од Европската Комисија преку потпретседателот на оваа институција, Марош Шефчович.

– Нашата проценка не е сменета и ова беше јасно пренесено на средбата помеѓу претседателката фон дер Лајен и премиерот на Македонија, Зоран Заев, изјави Шефчович, додавајќи дека шефицата на Европската Комисија ги пофалила извонредните реформски напори на државата и изразила надеж дека ќе се тргне напред со Македонија.

Вториот човек на Европската Комисија истакна дека тие го имаат и поширокиот геополитички контекст на ум кога станува збор за Македонија за која ЕУ е единствената стратешка опција.

-ЕУ перспективата претрпе штета со пандемијата од Ковид, рече Шефчович и изрази надеж дека после оваа прва тура вакцини донирани од ЕУ, ќе пристигне уште една.

Од страна на Советот исто така се охрабри јавноста дека се вложуваат максимални напори за да се оствари усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција пред крајот на јуни, кога завршува португалското претседавање со ЕУ.

-Португалското претседателство се обидува да турка за двете земји да започнат преговори во исто време и ќе продолжиме да го правиме тоа, ангажирани сме со сите релевантни власти за да видиме како претседателството може да ги поддржи преговорите и да ја свика првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија за време на нашето претседавање, изјави Ана Паула Закариаш, државна секретарка за европски прашања на Португалија, која вчера претседаваше со министерскиот состанок на ЕУ за општи работи, телото кое ја носи конечната одлука за одржување на Меѓувладината конференција.

Државната секретарка нагласи дека се водат разговори и со Скопје и со Софија за да се надмине блокадата на патот на Македонија.

-Разговараме со релевантните македонски власти и со бугарските власти и даваме се од себе за да видиме дали постои можност за преговори до јуни, додаде Закариаш.

Заев од своја страна нагласи пред сите соговорници во Брисел дека преговори се прифатливи за Македонија само под услов тие да не задираат во македонскиот идентитет и јазик. Впрочем, еден од условите на Македонија е да стои „македонски јазик" во самата преговарачка рамка која допрва треба да се усвои. Оваа рамка ги дефинира начелата на преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Брисел и треба да биде усвоен, како од европска, така и од македонска страна.

-Осигуравме дека и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент и во која било друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори, изјави вчера премиерот Заев.

Порачавме, рече Заев, јасно и гласно тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел и после можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина.

Ние, како што посочи премиерот, имаме и гордост и сопствен идентитет.

– Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра нити мојата Влада, ниту која било друга Влада, а уште помалку друга држава или Унија во која не сме членка, додаде Заев.

Во посета на Скопје вчера беше и чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар, чија земја не прифаќа вметнување на идентитетските прашања во ЕУ процесот на проширување. Метнар вчера се сретна со неговата македонска колешка, Радмила Шекеринска и повтори дека неговата земја не ги поддржува историските барања на Бугарија.

-Чешката Република го поддржува влезот на Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме акедонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион, рече Метнар.

Премиерот Заев престојува во Шпанија по што ќе замине за Грција. Идната недела тој треба повторно да се врати во Брисел за регионална средба со лидерите на шесте земји на западен Балкан со Јосеп Борел.

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Втора година по ред специјализираниот портал за вработување-vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурси.

Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.

Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,

2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.

Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

Петровска од Тетово: На 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат

Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат.

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.

Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.

„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.

Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.

„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

Димитриевски: ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска имаше средби со граѓаните на Ѓорче Петров.

Тој во изјавата за медиумите рече дека сака да одговори на прашањата што му биле упатени околу повикот за ненапаѓање и повикот за македонско национално единство дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.

„Мене ми е мило, рече Димитриевски, што конечно сите тие големи политички субјекти, што се претставуваат како гоеми политички субјекти ја сфатија суштината и заложбата на ЗНАМ. Од првиот момент ЗНАМ како нов политики субјект во државата најави дека по завршување на парламентарните избори, пред да влезе во договор, разговор и преговор со идните коалициони партнери, ќе излезе со една декларација за дефинирање на македонските црвени линии и де факто потврдување на македонска национална платформа. Тоа би значело дополнително и повисоко ниво на соработка на мултикултурен и мултиетнички план“. Во однос на ненапаѓањето, Димитриевски појасни:

„Ние како партија не прогласуваме мораториуми, бидејќи немаме намера и не напаѓаме политички субјекти кои се во опозиција.Водиме позитивна кампања. Но, притоа сакам да истакнам дека денешнава состојба којашто е лоша и никогаш не била полоша во државата е резултат на владеење на два политички субјекта од македонскиот блок и еден политички субјект од албанскиот блок, тоа е ДУИ. Ваквите повици не можат никого, ниту колективно, ниту индивидуално, да изземат од каков било вид на одгворност во претходниот период на владеење“, рече Димитриевски и додаде:

„ЗНАМ е нова политичка сила која нуди решенија, и нашата цел е граѓаните да ги обединуваме, бидејќи и јас како кандидат, а и самиот политички субјект произлегува од граѓаните, ние сме со граѓаните и имаме намера да работиме за граѓаните“.

Запрашан дали прифаќа вакво национално обединување, Димитриевски одговори дека:

„Не да прифатам, ние како ЗНАМ први во државата излеговме со еден ваков повик и мило ми е што веќе има втор“. Тој објасни дека по втор пат се случува плагијат на идеја на ЗНАМ од страна на ВМРО ДПМНЕ. Првиот со неговото решение во делот како да се надмине проблемот со уставните измени и со Бугарија и сега околу идејата за обединувањето.

Ние, рече Димитриевски, - директно работиме на дефинирање на македонските црвени линии и национална платформа на Македонците во државата. Мора да се обедииме како народ, без разлика на нашата политичка различност“. Тој рече дека исклучил каков било вид соработка, постизборна соработка со ова актуелно раководство на СДСМ, за коешто смета дека поради тоа што од една државотворна партија ја направило таква каква што е денес, треба да понесе не само политичка одговорност, туку пред се и кривична одговорност, заедно со добар дел од нивните коалициони партнери од ДУИ, бидејќи, како што рече, направиле голема штета и корупцијата си го дава својот резултат. На констатацијата дали тоа значи дека е можна соработка со ВМРО ДПМНЕ, Димитриевски одговори:

„Според она што го гледам како досега функционираа нештата особено во делот на фамозното гласање на измените во Казнениот законик, суштински во јавноста имаме разногласија, а во парламентот се обезбеди мнозинство од страна на владеачката структура на СДСМ и ДУИ,но сепак кворумот го обезбеди опозицијата. Тоа потврдува еден вид и начин на соработка помеѓу нив и сметам дека е крајно лицемерно кон јавноста. Ние сме подготвевни во следниот период да делуваме, како што делуваме и сега, како независен субјект. Секако ќе разговараме за идна соработка, но може ќе не изненади и фактот на една општа коалиција. Во тој случај ЗНАМ ќе остане со граѓаните и ќе биде конструктивна опозиција“, потенцира Димитриевски.

Запрашан што им порачува на граѓаните на Ѓорче Петров и каква програма нуди, Димитриевски рече:

„Нашата програма е јасна, со пет начела и пет приоритети со рокови. Многу пати ја имаме елаборирано. Денеска би се задржал на темата за македонското национално единство, што е еден од нашите приоритети. Личните антагонизми треба да се стават во втор план, а на прво да бидат граѓаните. Јас, како Претседател, доколку ја добијам довербата, ќе имам можост со реализација на моите надлежности, да придонесам во државата да се врати правдата и казнивоста за сите, а особено со измени во казнениот закон со кои ќе има поголеми казни за носителите на јавни и државни функции“. Караванот на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Динитриевски, попладне и вечер ќе биде во Велес и велешко.

притисни ентер