Мухаби Синани се враќа од Њујорк, незаконски бил поставен на местото ген. конзул пред изборите

Муцунски го враќа Мухаби Синани од позицијата генерален конзул во Њујорк, кој незаконски беше испратен од страна на Османи и Груби.

На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава.

Станува збор за кадар близок на Бујар Османи, кој на негов предлог и спротивно на законите прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница, се упатува на дипломатска мисија – како Генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.

За потсетување, Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнува условите да биде упатен како Генерален конзул од редот на професионални дипломати, согласно член 35а од Законот за надворешни работи. Во тоа време, тогашниот министер Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во Законот бидејќи наводно истата била избришана.

Тука се поставува прашањето, дали со испраќањето на Синани на позиција за кој те не ги исполнувал потребните услови, е кривично дело направено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот втор човек на владата, вицепремиерот, Артан Груби кој тогаш ја потпишал одлуката за негово испраќање во Њујорк, соопштуваат од МНР.

Повеќе од 20 приведени за милионски криминал при набавки за ЕСМ, се трага по Васко Ковачевски

Големата акција на полицијата и ОЈО ГОКК од утринава во неколку градови во земјава резултираше со апсење на над 20тина лица, меѓу кои и поранешни директори во РЕК Битола и ЕСМ. 

Меѓу соомничените е и Васко Ковачевски, но тој според информациите е надвор од земјава уште од октомври.. Според сомнежите, осомничените кај кои биле направени претреси и биле пронајдени над 130.000 евра во кеш, извршиле криминал со јавни набавки за адитиви за РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино..

Премиерот Мицкоски,според како што кажа, информациите од министерот Тошковски, на владината прес-конференција откри дека станува збор за организирана група, за која, вели, постојат сомневања дека направиле криминал тежок 6,5 милиони евра и дека за сите лица се обезбедени докази. Што се однесува до Ковачевски, кажа дека ќе биде вратен во земјава.

-Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителство, потоа понатаму на судовите, мора да веруваме на презумпцијата на невиност. Но, тоа што е најдено е навистина загрижувачки. Дали Ковачевски е во државата? Не, не е во државата подолго време, но очекувам да го обезбедиме и да го вратиме во државата,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Покрај Ковачевски, имињата кои се истакнуваат меѓу осомничените се и Васко Стефанов, исто така поранешен директор на ЕСМ, кој со поранешениот шеф на РЕК Битола Пеце Матевски се сметаат за членови на злосторничко здружување и се сомничат дека помагале да се злоупотреби постапката за јавни набавки. Потоа, Ардијан Муча, екс-комерцијален директор на ЕСМ се сомничи за злоупотреба на службената положба, односно овозможил значителна имотна корист за друг преку неизвршување на својата должност. Неговиот претходник пак, Данчо Стојановски од Велес се смета за организатор на спорните набавки.

Ковачевски пред речиси две години при гостување во „Само интервју“ беше прашан за став околу обвинувањата од тогашната опозиција дека се прави криминал во ЕСМ, но децидено демантираше.

-Има ли нешто за што би требало да се грижите доколку се промени власта? „ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и бара секаков начин да стигне до власт, не само за енергетиката, гледате и за другите политички состојби во државата. Она што можам да го кажам, е дека крајно одговорно и транспарентно, не секое евро, него секој денар во компанијата“-Васко Ковачевски – поранешен директор на ЕСМ (Само Интервју 16.02.2023).

Според неофицијалните информации, на осомничените за кои постојат основи дека переле пари ќе им биде замрзнат стекнатиот имот од 2022 година до сега. За дел од лицата се очекува ефективен 30 дневен притвор, за други пак мерки на претпазливост, според неофицијалните информации..

Велковски: Нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигитални

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата.

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата насловена: „Сајбер насилство кон жените и младите во дигиталната ера“ во организација на Кризниот центар „Надеж".

Во своето обраќање до јавноста Велковски го истакна значењето и сериозноста на сајбер насилството кое ја рефлектира не само динамиката на современото општество, туку и потребата за заеднички и координирани напори за заштита на најранливите.

„Сајбер насилството е форма на агресија која остава длабоки трауми, влијае врз менталното здравје и безбедноста на луѓето и создава чувство на беспомошност, особено кај жените и младите, кои честопати се најчестите жртви. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, ние сме целосно посветени на справувањето со оваа појава. Нашиот пристап е јасен, нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигиталниот свет,“ истакна Велковски.

Тој посочи на што треба да се работи периодот кој доаѓа, како зајакнување на законската рамка за да се обезбеди казнивост за сите облици на сајбер злоупотреба, но и на унапредување на механизмите за поддршка и заштита на жртвите. Исто така ја посочи едукацијата како клучна односно како младите безбедно да се движат низ дигиталниот простор, да препознаваат знаци на насилство и да ги пријавуваат сите случаи.

„Сајбер насилството врз жените е родово базирана дискриминација која ја нагласува потребата за системски пристап во борбата за родова еднаквост. Тоа е уште еден повик за итно спроведување на Конвенцијата од Истанбул, како и за создавање политики што ќе осигураат ниту една жена да не биде оставена сама во оваа борба,“ истакна Велковски.

Тој додаде дека нужно е создавање општество што ќе понуди поддршка, заштита и превенција. Притоа ја наведе соработката со граѓанскиот сектор, образовните институции, но и со ИТ-компаниите, со цел да се обезбеди конкретни и одржливи решенија.

„Сајбер насилството не е само индивидуален проблем туку закана за целото општество. Борбата против ова насилство мора да биде наш заеднички приоритет. Затоа апелирам до сите институции, граѓански организации, медиуми и приватниот сектор да се здружиме и да го изградиме дигиталниот простор како безбедно и праведно место за сите,“ порача Велковски, се наведува во соопштението.

притисни ентер