ЕСМ ќе проверува дали топланите Исток и Запад може да работат и на дизел

АД ЕСМ по 15 ноември ќе изврши практична проверка дали двете топлани Исток и Запад можат да работат на дизел. 

Тест периодот, како што денеска информира генералниот директор Васко Ковачевски, ќе трае 10 дена, а временските услови и намалениот конзум на топлинска и на електрична енергија овозможуваат тоа да се направи.

ЕСМ веќе има набавено природен гас за топланите Исток и Запад до 15 ноември. По преземањето на топланите Исток и Запад под закуп од АД Адора, ЕСМ, како што истакна Ковачевски, веднаш почна да ги подготвува да можат да работат и на алтернативно гориво како втора варијанта, а тоа е дизел горивото во случај да го нема природниот гас или да има екстремно висока цена.

-Од 15 ноември ќе бидеме подготвени да направиме одреден тест период да се вклучат топланите Исток и Запад на дизел гориво со цел да го пробаме системот и да видиме дали може да работи и со овој енергенс, бидејќи во минатото работел на мазут кој е еколошки многу понеподобен. Тоа го правиме за да бидеме сигурни дека во целост ќе можеме да ги задоволиме потребите со топлинска енергија во подоцниот период на грејната сезона или во наредните сезони и доколку има проблеми со набавка на природен гас, изјави Ковачевски.

Нагласи дека во период кога функционира приватната гасна когенеративна електрана ТЕ-ТО се добиваат околу 60 проценти од потребната топлинска енергија за топлификацискиот систем во Скопје, а останатите 40 проценти ги обезбедуваат топланите Исток и Запад.

-Токму затоа и заради поволните временски услови планот на техничките кадри во ЕСМ топлинска енергија е да направат тест период од 15 ноември со промена на енергенсот и наместо гас да се употреби дизел гориво. Префрлувањето ќе биде за не повеќе од 24 часа, но тоа не значи дека во тој период граѓаните на Скопје ќе останат без топлинска енергија. Прво едната топлана ќе се префрла на дизел, а потоа другата, но при тоа најголем дел од топлинската енергија во континуитет ќе се добива од ТЕ-ТО и нема да има намалена испорака на топлинска енергија, прецизира Ковачевски.

Префрлањето на друг енергенс, како што рече, се прави за да се осигураат како компанија, но и граѓаните да бидат сигурни дека ќе има парно греење без оглед какви ќе бидат околностите во наредниот период во делот на испорака на природниот гас.

-Техничките лица планираат најмалку 10 дена една од топланите да работи на дизел гориво за да можат да се пратат параметрите и да може да се испита комплетниот систем. Во двете топлани се поставени нови 10 најсовремени пумпи за дизел гориво, а во моментов се чисти и системот кој претходно беше користен на мазут. Техничките лица ќе дадат информација колку дена ќе требаат дополнително за да се осигура дека тој систем ќе може да функционира на дизел гориво, посочи Ковачевски и додаде дека набавката на пумпите и чистењето на системот чини 330 илјади евра.

Порача дека дизелот го има во државните резерви и е полесно достапен и полесно може со него да се изменаџира евентуална криза со природниот гас за разлика од мазутот кој го нема на залиха и многу повеќе загадува.

Според Ковачевски, доколку топланите работат на дизел во моментов производството на топлинска енергија ќе биде поевтино за 20 до 30 проценти отколку на гас, но заради екологијата топланите ќе работат на природен гас се додека нема евентуални проблеми за негова набавка.

Потресна исповед на водителката на квизот „Слагалица“ (фото)

Шармантната водителка на Радио телевизија на Србија (РТС), Милица Гацин, беше вистинско освежување кога се приклучи на популарниот квиз „Слагалица“.

За нејзиниот живот со години ништо не беше познато освен тоа дека е мајка. Сепак, во едно од ретките интервјуа, Милица ја отвори душата и проговори за својата голема битка за здравјето што тивко ја водела.

Пред пораѓајот со својата помала ќерка, која сега има 14 г., на Милица ѝ бил дијагностициран бениген тумор. Иако многумина ја советувале да не го чепка, таа сепак го послушала докторот и по неколку години туморот се вратил.

Откако по втората операција го прашала докторот зошто ѝ се случува тоа, тој ѝ одговорил дека тоа се случува затоа што се нервира и како резултат на тоа доаѓа до хормонски дисбаланс, па нејзините гради реагирале така.

Приказната на Милица за „Глорија“, многумина ги освести дека здравјето е најважно и дека мора целосно да му се посветат. После тоа, водителката ги променила своите животни навики и сега води поздрав начин на живот. Со текот на годините успеала да се ослободи од сè што ѝ било токсично, вклучувајќи го и лошиот брак кој доживеал крах при првиот животен бродолом.

- На дваесет години не знаев апсолутно ништо, на триесет бев нешто попаметна, но и понатаму делував непромислено. И потоа, така вклопена во стереотипот, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со часови, со денови. Се трудев сè да биде совршено. И знаете што се случи? При првиот животен проблем се заврте и си замина. Рече: „Не можам повеќе вака, мене ми е тешко“ - изјави Милица за „Хело магазин“.

Водителката денеска живее исполнето, насмеана и среќна, грижејќи се за своето здравје, кариерата и ќерките.

Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023

 Бен Афлек откри што му направила Џенифер Лопез на доделувањето на Греми наградите поради што медиумите нашироко разгласија дека се разведуваат!

Пред еден месец снимката од несреќниот Афлек на доделувањето на Греми наградите го обиколи светот, а медиумите шпекулираа дека тој се скарал со неговата сопруга Џенифер Лопез, која наводно го критикувала. Но, еве ја неговата вистина.

Познатиот холивудски актер Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023. Како што се чинеше, камерата успеала да го улови непријатниот разговор помеѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез, па со денови се шпекулираше за што се расправале.

Афлек таа вечер изгледаше прилично несреќно и речиси незаинтересирано за сè што се случува околу него. Неговото „кисело“ лице го обиколи светот, па се шпекулираше дека сопругата го изнервирала и дека парот наводно се разведува иако сè уште не ја прославил првата годишнина од бракот.

Еден месец по тој настан, познатиот актер проговори за инцидентот и реши конечно да стави крај на сите шпекулации. Тој тврди дека не си поминал лошо на Греми наградите, а неговиот тажен лик бил поради тоа што водителот Тревор Ноа го фатил неспремен за скечот.

- Го видов Ноа како се приближува до нашата маса и си помислив: „О, Боже“! Бевме во кадар, а јас и шепнав на Џени: „Ако Тревор ни се приближи, ќе те оставам сама, да знаеш“- изјавил Афлек во интервјуто за Холивуд репортерс, а пренесува Њујорк пост.

А, еве што му шепнала сопругата, поради што многумина погрешно разбрале дека го критикува.

- Таа рече дека е подобро да не ни приоѓа. Останатото што се случи е наша лична работа, помеѓу мажот и жената, не разбирам зошто толку се зборува за сето ова - додаде популарниот актер.

Повеќето извори потврдија дека Афлек зад сцената бил одлично расположен, се смеел и се шегувал, иако на доделувањето на Греми наградите дошол само да ѝ прави друштво на својата сопруга која врачи една од наградите.

притисни ентер