Ескобар: Скопје и Тирана се добри партнери и многу ни помогнаа за бегалците од Авганистан

Еден од бенефитите којшто ние го имаме, којшто веднаш го видовме од проширувањето на НАТО е дека Албанија и Македонија беа од огромна помош помагајќи ни со евакуацијата на бегалците коишто се повлекуваа од Авганистан. 

Од таа гледна точка веднаш ги видовме придобивките од проширувањето на НАТО и сме им благодарни на овие земји. И Косово помогна многу, тие не се земја членка на НАТО, но тоа се тие бенефити што ги добиваме од земјите членки на НАТО од Западен Балкан.

Ова го истакна американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар, во видео разговор со регионалниот директор на „Економист" за Европа Џоан Хоеј, во рамки на Самитот за Западен Балкан на „Економист", што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје.

Потврди дека САД и ЕУ се партнери во однос на политиката кон Западен Балкан.

-Точно е дека се гледаме себеси во Западен Балкан како партнери со ЕУ. Всушност се позитивно што се случи на Балканот почнувајќи од Дејтон до минатиот месец кога дијалогот воден од ЕУ успешно го разреши спорот со регистарските таблички помеѓу Србија и Косово сето ова беше спроведено во партнерство и координација помеѓу САД и Европа. И продолжуваме во таа насока. Целосно ги поддржуваме европските напори за разрешување на ова прашање помеѓу Србија и Косово и прашањето на интегрирање на Албанија и Северна Македонија и одржување на Црна Гора на европската патека и сите напорите Босна и Херцеговина да стане уште пофункционална држава административно. На сето ова гледаме како партнери, рече Ескобар.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер