Ескобар: Американската политика кон Западен Балкан со еден збор е евроинтеграција

Нашето искуство, нагласи Ескобар, со нови земји членки од регионот во НАТО, особено со Црна Гора, Албанија и Македонија е дека се добри и солидни партнери.

Американската политика е тесно усогласена со европските партнери за тоа што треба да се направи во регионот на Западен Балкан. Кажано со еден збор – тоа е евроинтеграција. Американската политика е насочена кон поддршка на европската политика на насочување на земјите од Западен Балкан кон друштвото на западните демократски земји. Точка. Тоа е нашата политика и се останато е само тактички пристап како тоа да се направи, изјави американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар, во видео разговор со регионалниот директор на „Економист" за Европа Џоан Хоеј, во рамки на Самитот за Западен Балкан на „Економист", што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје.

Тоа, посочи Ескобар, е нашата крајна цел за регионот на Западен Балкан и ако гледате на регионот историски и културно тие се Европа, и нивните граѓани и економии се тесно поврзани со Европа.

– Од наша перспектива е природен чекор, дека тие треба да бидат дел од ЕУ, која веќе има огромно влијание во овие земји. Прифаќаме дека не сите земји од ЕУ се отворени за брз прием на нови земји членки, како и дека земјите треба да ги исполнат реформските обврски. Но, тоа се прашања на кои САД и ЕУ работат заедно. Но, работиме одблиску со европските партнери за приближување и затворање на овие прашања, истакна Ескобар.

Нашето искуство, нагласи Ескобар, со нови земји членки од регионот во НАТО, особено со Црна Гора, Албанија и Македонија е дека се добри и солидни партнери.

– Сметам дека тоа е она што ЕУ може да го очекува од овие држави. ЕУ може да очекува дека овие земји ќе бидат солидни соработници, нагласи Ескобар.

На Балканот, Ескобар посочи дека гледаат како на предизвик, иако политички има некои прашања кои треба да се решат.

– Ние гледаме вистински можности за партнерство со еден од најбрзо растечките региони во Европа. Има регионален тренд кон регионална економска интеграција на земјите надвор од ЕУ, без разлика дали тоа се вика Заеднички регионален пазар или Отворен Балкан, или нешто друго, тоа се случува и тоа многу брзо и сметам дека тоа е нешто позитивно, изјави Ескобар.

Регионот на Западен Балкан економски гледано, според Ескобар, е регион од 20 милиони жители, економија од 125 милијарди долари и економски раст и до пет проценти на годишно ниво во некои случаи.

– Ние на Западен Балкан гледаме како на партнер и сметаме дека и нашите европски партнери треба да гледа така. Тие претставуваат само пет проценти од вкупната ЕУ популацијата, а претставува така голем чекор, изјави Ескобар.

Ова, посочи тој, е значително поразлично гледиште од САД, споредено со тоа во 90-тите и сметам дека сега имаме вистински можности кои треба да ги искористиме. /МИА

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер