Ескалира напнатоста меѓу Грција и Турција поради мали острови во Медитеранот

Турција стана стратешки уште поважна од вообичаено поради војната во Украина. Анкара тоа сега го користи во спорот за островите во Егејското Море,па така Турција сѐ поагресивно се однесува кон Грција, пишува Дојче веле.

Целата работа е всушност апсурдна. Турција и Грција се членки на НАТО, сојуз основан за одбрана од заеднички непријател. И покрај тоа, двете соседни земји често се на работ на вооружен конфликт. Колку загрозени се чувствуваат Грците може да се види од нивните трошоци за одбрана: 3,8% од БДП, што е највисоко од сите членки на НАТО.

Станува збор за спротивставени интереси на двете земји околу острови во источниот Медитеран, за границата на море и - правото на експлоатација на нафта или гас. Во 1996 година, Турција и Грција за малку избегнаа да влезат во војна за мал, ненаселен остров наречен Имија. И во 2020 година, конфликтот околу грчките и турските барања за контрола на тие области ескалира. Следната недела турски брод треба да тргне во потрага по природен гас во спорниот регион, Грците тоа веројатно ќе го сфатат како нова провокација.

И повторно САД, како водечка сила на НАТО, често со помош на генералниот секретар на Северноатлантскиот договор, успева да спречи отворена војна меѓу сојузниците. Во 2020 година, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, со поддршка на Европската унија, имаше голема заслуга во процесот на помирување меѓу двете страни.

Конфликтот сега повторно се засилува. Анкара го доведува во прашање грчкиот суверенитет врз цела низа острови во источното Егејско Море - како што се Родос, Лезбос, Самос и Кос - бидејќи, како што тврдат Турците, Грција ги прекршила меѓународните договори со стационирање на воени сили таму. Со редовни летови на турските борбени авиони над грчките острови, Анкара речиси секој ден ги демонстрира своите барања.

Турција се повикува на Договорот од Лозана од 1923 година, кој ја дефинира денешната граница и кој на Грција ѝ ги даде островите Лезбос, Хиос, Самос и Икарија по Грчко-турската војна, или пак на Договорот од Париз од 1947 година, со кој Италија по Втората Светската војна се откажа од островската група додеканеза во корист на Грција. Договорите дефинираат дека овие острови мора да бидат демилитаризирани.

Атина го оправдува присуството на своите војници на островите со тоа што се чувствува загрозена од честите маневри на турските воени бродови на западниот турски брег – односно правото на секоја држава на самоодбрана.

Иако се работи за пресметка со долга традиција, овој пат особено жестоки се вербалните инциденти. Девлет Бахчели, шеф на националистичката партија МХП и коалициски партнер на претседателот Ердоган и неговата партија АКП, се фотографирал со мапа на која се прикажани сите острови во источниот дел на Егејското Море, кои се прикажани како турска територија - вклучувајќи го и најголемиот грчки остров, Крит.

„Влажни соништа за екстремисти или официјална турска политика? праша грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Твитер и побара официјално објаснување од Анкара.

Внатрешните политички причини дополнително ги „мотивираат“ турските политичари. Имено, следната година во Турција ќе се одржат претседателски и парламентарни избори. Ердоган и АКП стравуваат од значително губење на поддршката од гласачите, меѓу другото поради високата стапка на инфлација и лошата економска ситуација. Се верува дека надворешнополитичките скандали може да го одвлечат вниманието од проблемите дома.

Но, оружјето ѕвечка и од грчка страна, иако не од членови на владата. Така, на ТВ станицата Отворено, пензионираниот вицеадмирал Јанис Еголфопулос повторно зборувал за тоа како на Турција може да ѝ се одржи лекција: „Ако тие (Турција) го направат првиот потег, тогаш ќе доживеат нешто што никогаш досега не го доживеале“.

Како е позиционирана Германија во овој спор? Во однос на суверенитетот на островите, министерката за надворешни работи Баербок беше јасна за време на нејзината неодамнешна посета на Грција и Турција: „Грчките острови се грчка територија и никој нема право тоа да го доведува во прашање“. Таа не одговорила на прашањето за милитаризација. Нејзиниот турски колега Чавушоглу се пожали дека Германија повеќе не е неутрална по ова прашање: „Госпоѓа Меркел беше. Германија беше искрен посредник во свое време. Германската политика беше избалансирана“. А во последно време, вели тој, „за жал таа рамнотежа е изгубена“.

Сепак, и грчката страна смета дека Германија не секогаш се однесува фер кон Атина. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас остро го критикуваше германскиот извоз на оружје и продажбата на подморници на Турција. „Благодарение на тие подморници, постои сѐ поголема опасност рамнотежата на силите во Медитеранот да стане неурамнотежена.

Германија и онака игра споредна улога во тој конфликт. И Ердоган и Мицотакис првенствено се обидуваат да ја добијат наклонетоста на Вашингтон. На почетокот се чинеше дека Мицотакис е во подобра позиција. Во средината на мај тој одржа говор пред двата дома на американскиот Конгрес, каде зборуваше за фактот дека по Украина, НАТО не смее да си дозволи „дополнителен извор на нестабилност“ на своето југоисточно крило. Грчкиот премиер побара од Вашингтон да не ја поддржува модернизацијата и проширувањето на турските борбени воздухопловни сили со помош на авиони Ф-16. За Ердоган таа посета беше болна, бидејќи Мицотакис успеа да ги убеди САД да ѝ продаваат борбени авиони Ф-35 на Грција - односно истите што Вашингтон не сакаше да им ги продаде на Турците.

Но, само неколку недели подоцна, американскиот претседател Џо Бајден на маргините на самитот на НАТО во Мадрид вети дека „целосно“ ќе ја поддржи модернизацијата на турската флота со помош на авиони Ф-16. Така, како што се претпоставуваше, Бајден сакаше да му понуди на Ердоган нешто конкретно за поддршката на Турција за влезот на Шведска и Финска во НАТО.

Иако конечната одлука за испорака на авионите Ф-16 сè уште не е донесена, оваа приказна јасно покажува колку Турција има стратешки придобивки од војната во Украина - затоа што позицијата на Анкара сега е уште поважна отколку што беше.

Пред војната во Украина, Турција купи руски противвоздушни ракети и со тоа ги разбесни Американците. И онака, таа работа се реализира, бидејќи НАТО не можеше да си дозволи раскол со Турција, а особено не може да си го дозволи тоа сега, среде руската војна во Украина.

На крајот на јули, Ердоган ги покани партнерите од НАТО на воена вежба во Измир на брегот на Егејското Море. Практично на повидок на грчките острови. Стануваше збор за поморска инвазија со цел да се освои фиктивен остров. Во вежбата учествуваа американски, француски и италијански војници. Но не и грчки. Атина жестоко протестираше. Но тој протест се изгуби некаде во ходниците на седиштето на НАТО во Брисел.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер