Есенската потрошувачка кошничка е готова и доставена до Владата

Нема да има замрзнување на цените, ќе се ограничува бруто профитната маржа до 10 % на основни прехранбени и земјоделски производи – министерството за економија и труд постигна договор со трговците и производителите. 

Есенската потрошувачка кошничка во која влегуваат лебот и пекарските производи, млекото и млечните прозиводи, местото, дел од конзервираната храна, како и сеознсокото овошје и зеленчук, е готова и доставена до Владата. Предлогот ќе се разгледува на следната владина седница.

„Предлогот очекуваме наредната седница да биде усвоен. Предлогот од министерството е да се ограничи бруто профитната маржа до 10 % за сите прехрамбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро ивестени, тие мислеа дека овие мерки ќе бидат долгорочни но ние им кажавме дека ова ќе биде само за празници, само во тие периди кога ќе бидат усвоени ќе бидат 1 месец....“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Министерот Дурмиши вели покрај оваа краткорочна мерка, која ќе трае еден месец, но се планира да ја има во повеќе периоди од годината, за намалување на цените, ќе помогне и законот за забрана на не фер трговски практики, за кој министерот вели стапува на сила според предвиденото на 28 ми месецов.

„Кога ќе стапи на сила очигледно ќе се намалат цените, ќе се стабилизираат цените на основните производи и ќе се нормализира и инфлацијата.“ -изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Со законот, кој беше донесен во март годинава, се очекува да се стави ред во начинот на трговија со земјоделските и прехрмабените производи, и да се избегне манипулирање со цените. Заедно со законското решение беше донесена и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе ограничат до 10 % .

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

По сериозна повреда и замена на коленото, најубавата спортистка се враќа на патеките?

Една од најголемите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, можеби размислува за враќање на патеката во Светскиот куп.

Гласините почнаа да кружат, особено по пишувањето на швајцарскиот „Блик“, а последните случувања навестуваат дека таа може да побара специјална покана за настап.

Првите знаци се појавија кога атрактивната дама беше забележана како тренира во Нов Зеланд, а сега тренира во глечерот Ретенбах, поддржана од персоналот од тимот за трки HEAD. Покрај тоа, таа во април имаше делумна замена на коленото и добро се опоравува, па не е чудно да видиме голем кам-бек.

Нејзиниот тренинг во Ретенбах навестува сериозни подготовки, иако нема официјална потврда за нејзиното враќање. Вон ја заврши кариерата во 2019 година поради повреди, признавајќи дека има постојани болки. По операцијата на коленото, ситуацијата значително се подобрила, што ѝ дава шанса да се врати.

Нејзиното потенцијално учество би било огромен поттик за американското скијање. Доколку добие вајлд-карта, Вон би му се придружила на Марсел Хиршер, уште еден великан во скијањето, кој веќе има обезбедено специјална покана за Бивер Крик.

Линдзи Вон за време на нејзината кариера има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали, вклучувајќи го и златото во Ванкувер во 2010 година.

Таа важи за една од најубавите спортистки на сите времиња.

притисни ентер