Предупредувањето е издадено само на ниво повисоко од нормалното иако вулканот еруптира, изјавил портпаролот на агенцијата Радитаја Џати.Нема извештаи за жртви, но на евакуираното население итно им се потребни маски и храна, соопшти агенцијата.
„Јавната кујна се подготвува, а здравствените власти делат маски, со помош на армијата и полицијата“, се наведува.
Семеру е вториот индонезиски вулкан што се разбуди во последните неколку дена.Во неделата, властите издадоа портокалово предупредување за вулканот Леватоло на островот Лембата по серијата ерупции.
Како резултат, 2.782 жители кои живееле во близина на вулканот морале да бидат евакуирани, а аеродромот Вонопито бил затворен по ерупциите.
Индонезија лежи на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмичка активност и има 128 активни вулкани.