Ердоган: Турција никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност по земјотресот

Турција никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажаа Европската Унија и другите меѓународни организации по земјотресот што на 6 февруари ги погоди јужните турски провинции, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

- Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што ја покажаа сите наши пријатели, ЕУ со нејзините институции, нејзините земји членки и кандидати, Обединетите нации и другите меѓународни организации, во овие тешки денови, рече Ердоган во видео обраќањето на Отворање на Меѓународната донаторска конференција., одржана во Брисел.

Меѓународната донаторска конференција беше организирана од Европската комисија и Шведска, која претседава со ЕУ, за да им даде поддршка на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија.

- Оваа конференција е уште еден пример за тоа колку добро се развиени односите меѓу нашите народи, рече Ердоган. Тој потсети дека Турција е дом на повеќе од четири милиони бегалци, меѓу кои 3,5 милиони Сиријци.

-Денес, додека ги лекуваме раните од „катастрофата на векот“ во нашата земја, се солидаризираме со сирискиот народ кој исто така беше погоден од земјотресите, рече Ердоган и додаде: Ги обезбедуваме потребните капацитети на трети страни и на други земји за транспорт на хуманитарна помош по копно и воздух за настраданите од земјотресот во Сирија. Ќе продолжиме со таквиот пристап и во иднина, рече турскиот претседател.

Европската комисија денеска вети една милијарда евра за реконструкција на областите погодени од разорните земјотреси во февруари на југот на Турција.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во своето обраќање на отворањето на Меѓународната донаторска конференција во Брисел повика на поддршка за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и Сирија.

- Со задоволство можам да објавам дека Европската комисија ќе ја поддржи Турција со една милијарда евра за реконструкција по земјотресот, најави Фон дер Лајен.

Таа најави дополнителен пакет од 108 милиони евра за хуманитарна помош и рано закрепнување во Сирија.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш. Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Турција се искачи на 50.096. Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција се засегнати од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.При истите земјотреси, во Сирија загинаа најмалку 4.500 луѓе, а повеќе од 8.700 беа повредени.​​​​​​

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер