Ердоган со нова провокација: Ерусалим е наш град (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го започна своето обраќање пред турскиот парламент со говор за Ерусалим и Палестинците, во кој тој истакна „Ерусалим е наш град“.

Ердоган се осврна на владеењето на Отоманската империја во Ерусалим, кое траело со векови, поточно, како што изјави од 1517 до 1917 година.

"Во тој град сè уште може да се забележат траги од османлискиот отпор, кој моравме да го оставиме со солзи за време на Првата светска војна. Значи, Ерусалим е наш град", рече турскиот претседател.

Тој додаде дека ѕидовите на Ерусалим, кои сè уште стојат, и Куполата на карпата во Стариот град биле обновени од Сулејман Величествениот, кој управувал со Отоманската империја од 1520 година до неговата смрт во 1566 година.

„Прашањето за Ерусалим не е обичен геополитички проблем за нас. „Прво, Стариот град, срцето на Ерусалим, го изгради Сулејман Величествениот, а нашите предци покажаа почит и високо го ценеа тој град“, рече Ердоган.

Во Русија се избришани 150 сајтови на кои се нудат лажни сертификати за вакцинација

Оваа година, руското тело за надзор на телекомуникациите блокирало или избришало 150 страници со реклами и понуди за лажни сертификати за вакцинација против ковид-19, соопштило денеска надзорното тело за агенцијата ТАСС.

„Во 2021 година, врз основа на судски одлуки или барања за гонење, околу 150 сајтови во Русија беа затворени или блокирани затоа што нудеа лажни сертификати за вакцинација“, се вели во соопштението на надзорниот орган.

Сè на сè, од почетокот на 2020 година, повеќе од 1.000 материјали што содржат лажни информации за коронавирусот биле избришани или блокирани.

Македонски државјанин е фатен во Драч со 300 килограми кокаин

Во Драч, Албанија биле откриени и запленети околу 300 килограми кокаин, скриен во кутии со логоа на Чикаго Булс, Пари сен Жермен и Диор, при контрола на македонски камион што превезувал железо.

Информацијата е објавена и на официјалниот фејсбук профил на албанската полиција.

Дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, што требало да замине за Италија. Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш бил уапсен.

Според албанските медиуми , возачот на камиониот е македонскиот државјанин Назиф Ајроски , а дрогата требало да стигне во Неапол , Италија. Тој во полицијата рекол дека е само возач и дека не знаел дека во камионот имало дрога. Рекол дека со години превезува градежни материјали на меѓународни рути и не е поврзан со никаков транспорт на дрога.

Кокаинот бил спакуван во пакети со лого на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот ПСЖ.

Загина млад мото-каскадер, вежбајќи да постигне Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Каскадерот на мотоцикли, Алекс Харвил загинал вчера додека тренирал за да го сруши светскиот рекорд во скокање со мотори, пишуваат американските медиуми. Тој имал 28 години.

Алекс планирал да го сруши светскиот рекорд на Австралиецот Роби Медисон од 2008 година, на 106 метри. Неговиот подвиг бил закажан за вчера, веднаш по тренингот што го чинеше живот.

Снимката од тест скокот, изведена од Алекс на меѓународниот аеродром во округот Грант, се појавила на социјалните мрежи и покажува како неговиот мотор удира директно во горниот раб на ридот што му служел на Харвил како рампа за слетување. Од ударот тој излетал од моторот.

Харвил бил оженет и е татко на два сина, од кои помладиот е роден минатиот месец. Во 2013 година тој веќе стана Гинисов рекордер во скок во далечина на мотор.

притисни ентер