Ердоган: Се надевам на офанзива на Азербејџан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека се надева на продолжување на офанзивата на азербејџанската армија во Нагорно Карабах.

"Азербејџан веќе ослободи голема територија. Се надевам дека ќе ја продолжи својата борба се додека не ги ослободи сите свои земји во Карабах", рече Ердоган во говорот во градот Коња.

Говорот беше пренесуваб на Твитер профилот на Ердоган, според агенцијата РИА Новости.

Ѕвезда на Барселона, иако повреден, им помага на погодените во поплавите во Валенсија

Минатата недела, Валенсија беше погодена од огромни поплави, а ураганот Дана на крајот однесе преку 200 животи, заедно со голема материјална штета.

Многумина ѝ доаѓаат на помош на шпанската покраина која е во катастрофална состојба, а меѓу нив е и фудбалерот на Барселона, Феран Торес (24).

Шпанскиот интернационалец во моментов е повреден и не учествуваше во вчерашниот пораз од 1:0 против Реал Сосиедад поради повреда на тетивата. Сепак, тој успеа да скокне на критичните места и да им помогне на луѓето на кои им е потребна. Феран е роден во Фоус, лоцирана во општина Валенсија, каде што ја започна својата кариера.

@beckhamfoot7

Ferran Torres s'est rendu à Valence afin 𝗱’𝗮𝗶𝗱𝗲𝗿 𝗹𝗲𝘀 𝘃𝗶𝗰𝘁𝗶𝗺𝗲𝘀 𝗱𝗲𝘀 𝗶𝗻𝗼𝗻𝗱𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻𝘀 ! ❤️🩹👏🏽

♬ son original - Priince Beckham🇨🇩🇲🇱

Тој треба да се врати на теренот на почетокот на декември. Торес пристигна во Барселона од Манчестер Сити за 55 милиони евра во јануари 2022 година. Пред тоа играше за Валенсија. За шпанската репрезентација има 48 настапи и 21 гол, а минатото лето со Шпанија беше европски првак.

Снимка ја разбесни Шведска: Мигрант турна бабичка по скали, ја ограби и си замина (ВИДЕО)

Мигрант од Сирија, кој побарал азил во Шведска, ќе биде депортиран откако било откриено дека турнал 91-годишна бабичка по скали, а потоа ја ограбил.

Карам Кањо (26) е снимен како напаѓа и ограбува несреќна бабичка, која отишла да го посети гробот на нејзиниот сопруг. Нападот се случил на 29 август годинава, објави Дејли Меил.

Тој ја нападнал жртвата во близина на станицата Солентуна, десетина километри северозападно од Стокхолм. Бабата се обидела да се спротивстави и го фатила, па заедно се тркалале по скалите. Карам потоа ѝ го скинал ланчето од вратот на старицата и ѝ нанел бројни повреди. На видеото се гледа како минувачите бегале во страв, а крадецот мирно си заминал откако го скинал ланчето.

На помош на бабата дошле двајца минувачи. Бабата додека давала изјава во полиција рекла дека крадец ѝ ги украл ланчињата кои ги добила на подарок пред повеќе од 40 години. Таа исто така истакнала дека во својот живот од девет децении никогаш не почувствувала вакво насилство и дека била преплашена.

Како што е соопштено, Карам пристигнал во Шведска во 2015 година, а денеска бил осуден на пет и пол години затвор и му е наредено да биде депортиран во Сирија. Исто така, треба да плати и отштета од околу 7.000 евра.

Медиумите јавуваат дека Карам Кањо е осуден силувач, кој извршил најмалку 19 кривични дела пред да пристигне во Шведска во 2015 година.

Тој претходно бил осуден на две и пол години затвор за силување жена во 2021 година, но бил ослободен една година пред да му истече казната.

По депортацијата, Карам ќе добие доживотна забрана за враќање во Шведска. Кањо ја обжалил одлуката на судот да го депортираат, но официјалните лица кои одлучуваат за азил наведуваат дека тој „не воспоставил контакт со Шведска“ во сите овие години.

„Живее во лоши социјални услови, нема сопствено сместување, ниту работа“, рекле пред судот.

Карам на судењето рече дека доколку биде депортиран ќе биде подложен на тортура и нехумано постапување дома.

Научниците со сензационално отритие- „меѓуѕвезден тунел“ во близина на Сончевиот систем

Астрономите велат дека пронашле „меѓуѕвезден тунел“ во нашето соларно соседство што може да доведе до други ѕвездени системи.

Како што е опишано во новата студија објавена во списанието Astronomy & Astrophysics, тунелот постои како дел од огромна структура на топол гас со радиус од стотици светлосни години што го опкружува нашиот Сончев систем и е познат како Локален врел меур (LHB). Уште повеќе, наодите сугерираат дека може да биде поврзан со близок, уште поголем балон, пишува Futurism.

Користејќи опсежни податоци собрани од телескопот eROSITA, првата опсерваторија на Х-зраци лоцирана целосно надвор од атмосферата на Земјата, истражувачите генерирале 3Д модел на целиот LHB, потврдувајќи некои карактеристики што астрономите ги предвиделе, но и откривајќи сосема нови.

- Она што не го знаевме е постоењето на меѓуѕвезден тунел кон Кентаур, што создава празнина во постудената меѓуѕвездена средина - вели во изјавата коавторот на студијата Мајкл Фрајберг, астроном од германскиот институт за вонземска физика, Макс Планк. - Оваа област јасно се издвојува благодарение на значително подобрената чувствителност на eROSIT и сосема поинаквата истражувачка стратегија во споредба со ROSAT - претходникот на вселенскиот телескоп.

Постоењето на LHB, или едноставно Локален балон, првпат било предложено пред повеќе од педесет години за да се објасни присуството на рендгенска позадина. Бидејќи просторот помеѓу ѕвездените системи е исполнет со дифузни облаци од гас и прашина познати како меѓуѕвездена средина - материјалот што се кондензира за да формира ѕвезди - овие емисии на Х-зраци со ниска енергија требаше да се апсорбираат долго пред да можеме да ги откриеме.

Но, што ако нашиот космички крај е празен поради некоја причина? Тоа би бил локалниот балон. Астрономите веруваат дека се формирал пред околу четиринаесет милиони години, кога серија супернови го разнеле целиот меѓуѕвезден материјал во близина, создавајќи шуплина со ширина од околу 1.000 светлосни години. Како доказ, денес можеме да ги видиме остатоците од тие супернови.

Идејата се соочи со предизвици; Пред неколку децении, се појави хипотеза дека интеракцијата помеѓу сончевиот ветер и надворешната атмосфера на нашата планета може да произведе слични емисии на Х-зраци, според истражувачите. Но, идејата беше дополнително поддржана во последниве години со набљудувања на млади ѕвездени јата кои се формираат на работ на овој меур.

Авторите сугерираат дека меѓуѕвездениот тунел можеби е дел од цела мрежа на меѓуѕвездена средина која се протега низ Млечниот Пат, формирана од експлозии на енергија ослободена од ѕвездите.

Покрај меѓуѕвездениот тунел, деталното моделирање на Локалниот балон откри температурен градиент низ структурата, при што северниот регион е значително потопол од јужниот.

Ова сугерира дека можеби имало понови супернови кои го прошириле меурот и повторно го загреале неговиот материјал, можеби во последните неколку милиони години.

притисни ентер