Ердоган: Не се откажуваме од судските реформи

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави дека неговата Влада ќе продолжи да ги спроведува планираните реформи, со кои се предвидува поголема владина контрола врз судството и јавното обвинителство, и покрај оценките на опозицијата, судиите и обвинителите дека тие се противуставни.

Ердоган нагласи дека посебна владина комисија „гласала и решила“ дека реформите не се во спротивност со Уставот.

Околу овие реформи во саботата вечерта дојде и до жестока расправа меѓу неколкумина пратеници, кои меѓусебно се гаѓале со папки и пластични шишиња со вода, за време на седница на Правната комисија на турскиот Парламент посветена на владината Предлог-уредба, со која, мешу другото, се предвидува Владата да добие поголемо влијание при изборот на судии и јавни обвинители.

Според очевидци, инцидентот се случил кога претставник на Националната асоцијација на судиите и јавните обвинители иницирал петиција против предложените рефоми, повторувајќи го претходно искажаниот страв на неговото здружение дека тие се противуставни, бидејќи се нарушува начелото на независност на судската власт од извршната.

По инцидентот, турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека Владата би можеле да го повлече предлогот доколку опозицијата се здружи против неговото усвојување, меѓутоа во синоќешната изјава Ердоган не се спомена таква можност.

Ваквиот владин предлог доаѓа во време кога Ердоган се соочува со најголемиот предизвик во неговото 11-годишно владеење, поради полициската акција во која под обвинеиие за корупција и перење пари беа приведени десетици државни функционери и бизнисмени блиски до Владата, вклучитално и синови на тројца министри.

Владиниот Кабинет на акцијата одговори со разрешување на стотина полициски началници под обвинеие за злоупотреба на функцијата, но опозицијата тврди дека тие се разрешени поради тоа што не ги информирале надредените раководни структури во Владата за подготовката на антикорупциската акција.

Дополнително, Ердоган изврши реконструкција на Владата, сменувајќи речиси половина министри и до Парламентот достави серија предлози за зголемување на наделжностите и на контролата на извршната власт над судството и полицијата.

Ердоган дури обвини и дека полициската истрага претставува „заговор против иднината и стабилноста на земјата“ и дека зад неа стојат „некои сили во странство“ кои работат за смена на неговата Влада./МИА


„Гответе со Дракче“ - Алва со ориз

Во понеделник (15.04.2024) во емисијата гостин ни беше Дамјан Стојаноски

Состојки за денешниот рецепт:

- 200 гр. гриз

- 100 мл. масло за јадење

- З крем - бананчиња

- 200 гр. шеќер

- 200 мл. вода

- 1 рендано чоколадо или цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски, кој не се извини за говорот на омраза кон Силјановска.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4.

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија.

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од „ЛОТ“ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Tredi Sv. Vulbas во Франција.

- За „ЛОТ“ 4 се обезбедени средства и се очекува во наредните два до три месеци тој целосно да биде реализиран. Останува уште да се обезбедат средства за „ЛОТ“ 5 со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан која опфаќа и делови од Пеленица за што ќе бидат потребни многу повеќе средства кои допрва треба да се обезбедат, велат од Државниот инспекторат за животна средина за МИА.

Нагласуваат дека во текот на денот главниот инспектор за животна средина Хусни Тачи ќе направи инспекциски надзор на малата депонија во ОХИС.

притисни ентер