ЕМА : Вакцината на АстраЗенека е безбедна и ефикасна (ВИДЕО)

Претседателката на Евопската медицинска агенција , Емер Кук , на попладневната прес конференција по вонредниот состанок рече дека вакцината на АстраЗенека е безбедна и ефикасна.

Според научните сознанија и резултатите добиени од институтите низ ЕУ , утврдено е дека вакцината на АстраЗенека е ефикасна и безбедна и може да се користи во справување со пандемијата.

Иако се појавиле случаи на згрутчување на крвта во некои земји на ЕУ , тие се пониски отколку просечниот број на појава на тромбоемболија. Иако има нејасни појави , сепак овие појави се ретки и не е докажано дека се поврзани со примањето на вакцината на АстраЗенека.

Пријавени се 25 вакви случаи меѓу 20 милиони вакцинирани со АстраЗенека.

"Продолживме со истрагата за AstraZeneca. Ќе ве информираме за нашите откритија", рече Емер Кук, извршен директор на Европската агенција за лекови.

"Дојдовме до заклучок. Ова е безбедна и ефикасна вакцина. Сведоци сме на помалку случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето. Вакцината не е поврзана со зголемен ризик од тромбоемболиски инцидент, но сè уште не можеме тоа да го исклучиме. Комитетот препорача зголемена претпазливост за такви случаи “, беше речено.

"Препорачуваме можните несакани ефекти да бидат појасно истакнати и започнуваме дополнителни истраги за овие ретки случаи. Околу 7 милиони луѓе се вакцинирани во ЕУ, 11 милиони во Велика Британија, односно вбкупно околу 20 милиони ", беше речено на прес конференцијата.

„Оваа вакцина е безбедна и ефикасна, тоа е нашето научно гледиште“, заклучиле од ЕМА. „Свесни сме дека некои држави ја прекинаа вакцинацијата и мораше детално да ги проучиме сите докази. Нашите експерти проучија сè “.

"Кога вакцинирате милиони луѓе, некои сериозни несакани ефекти се неизбежни. Наша задача е да ги истражиме. Ние сме посветени на истражување на сите можни докази и документи веднаш. Денешниот заклучок ни овозможува да ја продолжиме кампањата за вакцинација и да ги држиме граѓаните на ЕУ секогаш информирани за сè “, беше речено.

Д-р Сабине Штраус од Комитетот за фармакологија и проценка на ризик на ЕМА рече дека истрагата на ЕМА е детална и сеопфатна.

„Придобивките од вакцините се многу поголеми од негативните несакани ефекти“, рече Штраус.

"Бројот на тромбоемболични настани е помал отколку што се очекуваше кај општата популација. Ковид е една од причините за тромбоемболиските настани. Постојат некои невообичаени случаи. Во некои, згрутчување на крвта се појавило неколку дена по вакцинацијата. Имаше и случаи на згрутчување на крвта Овие случаи ќе продолжиме да ги истражуваме, но ова се многу ретки случаи. Имаше само 25 такви случаи, кои се пријавени во клиничките испитувања “, додаде таа.

„Забележуваме дека е важно секој што се вакцинира да биде свесен дека може да се појават такви случаи. Затоа, бараме овие информации да бидат достапни за секој што ја прима вакцината, како и за здравствените работници“, вели таа.

-Дали земјите ќе ја тргнат блокадата?

„Владите на овие земји ни рекоа дека тие ќе ја донесат својата одлука по и врз основа на нашата одлука. Сметаме дека тие ќе го сторат тоа“.

-Што може да ги предизвика сериозните несакани ефекти ако не е вакцина?

"Имаме многу хипотези за да го откриеме одговорот на тоа прашање. Ковид може да биде причина за тромбоза на аортата, ако е постковиден синдром. Но, гледаме доволно докази дека треба да се вклучат дополнителни предупредувања при вакцинирањето. Нашата истрага сè уште трае."

"Треба да продолжиме со истрагата и да се водиме со науката. Ќе се консултираме со други експерти и епидемиолошки истражувања за да откриеме колкава е тромбозата кај пациентите", беше одговорот на бројните новинарски прашања на прес конференцијата на првите луѓе на ЕМА.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер