Елитна населба се гради во Сарај – вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри

Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина.

Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет" на инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани, почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Вредноста е 28 милиони евра.

Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар.

Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, вез нарушување на вашата приватност. Се нудат и додатни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина.

Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.

На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети.

Премиерот Зоран Заев истакна дека исклучитекно значајно е тоа што градбата на целиот станбен-деловен комплекс зафаќа само околу 20 проценти од вкупната површина, а остатокот од 80 проценти припаѓа на зеленилото и природата.

– Креаторите на комплексот Планет се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој всушност го претставува веќе постоечката шума на границите на локацијата занеговата изградба. Вредоста на оваа инвестиција од 28 милиони евра е сериозно раздвижување и придонес и за нашата вкупна економија и затоа проектот ги заслужува сите пофалби и охрабрувања. Ова дополнително потврдува дека Македонија е добро место за инвестиции. токму овој проект Планет е потврда за тоа што ние најмогу го посакуваме, а тоа е да си ги вратиме нашите луѓе дома, да бидат дома, да инвестираат дома, да го фонесат знаењето стекнато во светот и да го реализираат токму тука, на најубавото место на планетата – република Северна Македонија, рече Заев.

Спикерот на Собранието Талат Џафери истакна дека овој проект да биде поттик и за другите бизнисмени што живеат надвор од државата и порача тие да се вратат не како печалбари, туку засекогаш да се вратат во нашата земја.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека подобра земја од нашата не видел и посочи дека се се постигнува со работа.

– Да создаваме можности, сме создавале услови бизнисмените да се вратат во нашата земја кои придонесуваат со отворањето на нови работни места. Во наши раце и можности оваа земја да ја промениме, оваа земја да ја направиме поубава и подобра од тие што ни ја оставиле во наследство, бидејќи живееме во време со многу напредување како во образование така и во науката за да им го направиме оваа земја среќна за живеење на новите генерации и тие да не си ја гледаат својата иднина во Запад, Америка, и Австралија, бидејќи сонцето подобро грее во својата земја, рече Ахмети.

– Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите – кажа на промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

притисни ентер