Ел Салвадор стана првата земја, каде може да се плаќа со биткоини

Денеска Ел Салвадор, кој нема своја валута, стана првата земја во светот што воведе биткоин како законско средство за плаќање откако Конгресот го усвои предлогот на претседателот Наиб Букела да ја прифати таа крипто валута.

Со 62 од 84 можни гласови, пратениците гласаа за усвојување на нацрт-закон за прифаќање на биткоинот, и покрај стравувањата од можен лош ефект врз програмата на Ел Салвадор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од една милијарда долари.

Претседателот Букеле се залага за употреба на биткоини бидејќи, според него, тоа може да ги заштити иселеничките девизни дознаки од екстремно високи такси во трансферите на доларот.

Букеле истакна дека американскиот долар сепак ќе биде законско средство за плаќање.

„Тоа ќе донесе финансиска вклученост, инвестиции, туризам, иновации и економски развој во нашата земја“, рече Букеле.

Ел Салвадор е земја со голема емиграција. Се проценува дека околу 6 милијарди долари доаѓаат од САД секоја година, испратени од околу два милиони иселеници, што претставува една петтина од БДП.

Овие дознаки од Соединетите држави стигнуваат до жителите на Салвадор преку неколку финансиски посредници со провизии од по 20 проценти, додека кај криптовалутите нема провизии за трансакциите.

Шефот на државата рече дека употребата на биткоин ќе се остави на слободен избор и нема да претставува ризик за оние што го користат. Владата, како што продолжи, ќе гарантира конвертибилност во долари за време на трансакцијата преку тешка основа од 150 милиони американски долари во државната банка за развој БАНДЕСАЛ.

Според законот, компаниите ќе мора да го прифатат биткоинот како средство за плаќање на стоки и услуги. Ќе биде можно да се плаќаат и даноци во таа крипто валута.

Употребата на биткоин како законско средство за плаќање ќе започне за 90 дена, а курсот на биткоин во однос на доларот ќе го одредува пазарот.

Биткоинот ги бележи своите најдобри денови во последните две недели, со раст од шест проценти и се приближува до сумата од 35.200 американски долари.

Финансиските регулатори предупредуваат дека биткоинот го олеснува перењето пари и други незаконски активности. Букеле ги отфрла овие забелешки и тврди дека криминалците веќе широко го користат американскиот долар и други средства за перење пари.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер