Експлозија во турска фабрика, има и повредени

Во експлозија која се случила денес во турската државна воена фабрика Рокетсан повредени се три лица.

Од канцеларијата на гувернерот на Анкара се наведува дека експлозијата се случила во складишта за нафта на фабриката Рокетсан во местото Елмадаг, во предградието на главниот град на турција.

Тројца вработени се здобиле со полесни повреди, наведено е во соопштението.

За сега не се знае причината за експлозијата. Компанијата проектира и произведува ракети и проектили.

Неколку возила на брза помош биле пратени на местото на експлозијата, јавува државната телевизија „ТРТ“ а голем облак од чад се гледа како се издига над местото.

Приватната новинска агенција „ДХА“ јавува дека експлозијата предизвикала паника во Елмадаг.

притисни ентер